сабота, декември 21, 2024
домаТехнологијаВгодина првите летови на Марс: Илон Маск ги објави амбициозните планови!

Вгодина првите летови на Марс: Илон Маск ги објави амбициозните планови!

Илон Маск, сопственик на компанијата „Спејс Икс“, која го истражува универзумот, најави дека веќе следната година ќе лансира пробни летови на Марс. Тој е познат по малку нереалните рокови кои си ги поставува за извршување на мисиите, а и самиот призна дека понекогаш претерува.

– Ќе можеме да спроведеме пократки летови до средината на следната година – рече тој во говорот што го одржа во Остин, Тексас.

Тој, исто така, истакна дека е многу важно луѓето да отидат на Марс „пред избувнувањето на следната светска војна“. Според Маск, колонија на Марс ќе спречи човештвото „да се врати во средниот век“ ако се случи нуклеарен конфликт.

„Спејс Икс“ неодамна го одушеви светот со спектакуларно лансирање на ракетата „Флакон хеви“, која е најтешката ракета што некогаш е лансирана. Сепак, крајната цел на Илон Маск е колонија на Марс и верува дека треба да постои „директна демократија“ каде што луѓето директно ќе гласаат за сите проблеми.

Маск смета дека колонизацијата на универзумот е единствениот начин за преживување на човечката раса.

– Мали се шансите дека никогаш повеќе нема да избие светска војна. Тоа беше образец на човештвото во минатото – вели Маск.

Но, тој мисли дека има нешто поопасно од нуклеарното оружје – вештачка интелигенција. Неговата визија за Марс можеби изгледа нереална, но многумина се надеваат дека овој човек ќе успее човечкиот вид да го направи меѓупланетарен.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ