Затоплувањето и климатските промени се од суштинско значење за нашиот живот. Ова е еден горлив проблем со кој е соочен целото Човештво. Алармантна е состојбата со затоплувањето, особено со Глобалното затоплување, и се бараат начини како човекот да придонесе да се намали затоплувањето, за степен, два. Очевитци сме дека годишните времиња не се како порано, секоја пролет, лето и есен е енормно потопло и пожешко од претходните години и децении. Особено жешки се тропските лета. Се апелира да се стори се што е во доменот на човекот за да се нормализира температурата, која се заканува. Она што секое домаќинство треба да го направи, е токму тоа што може да го направи. И тое е дел од ланецот на загадувањето, особено готвењето. Првенствено треба да се има на ум дека готвењето е модернизирано со цел да му помогне на човештвото и во начинот на готвење и во заштедување време и енергија и за помало загадување, и се разбира за помало затоплување. Старите шпорет на дрва многу загадуваа и развиваа поголема топлотна енергија, што носи свои ризици и по однос на здравјето и за загадување на воздухот во затворен простор и ефектите од емисиите на стакленички гасови поврзани со животниот циклус на печките на глобалната клима. Во моментов, се проценува дека 2 милиони животи – претежно жени и деца – се губат годишно, што резултира од изложеност на чад за готвење во внатрешноста на биомасата.
Традиционалните печки за готвење најчесто се камени или метални, или отворени и модели на тули и малтери, како и оние со оџаци. На нив готвењето е поспоро, а го користат домаќинства кои сакаат да заштедат и на готвење и на енергетски ресурси. Тоа создава голем чад, кој за да се отстрани од внатрешниот простор за живеење, се канализира со ќумци во андворешниот дел од домот. Но, она што влева надеж е кампањата што ја започнаа Меѓународните организации, позната како cookstoves која иницира враќање на наједноставната и најстарата технологија за домаќинство. Истражувањата за потребата од подобрени шпорети датираат од 1950-тите години. За да се заштеди на енергија и време (а со тоа и за пократкотрајно топлење“, експерите предлагаат да се набави шпорет со вентилаторско печење (со врел воздух). Така печењето е побрзо и поефтино. Вратата на рерната да се отвора само по потреба бидејќи при секое отворање се троши најмалку 20 % од топлината. Рерната се исклучува 10 минути пред завршетокот на печењето, а создадената топлина ќе биде доволна за да се доврши печењето. Доколку рерната се одржува чиста, потрошувачката на електрична енергија се намалува. Микробранова печка е идеална е за брзо одмрзнување на храната и погодна е за брзо готвење на храната. Со ова се овозможува помала потрошувачка на електрична енергија. Експрес лонец и лонец со дебело дно, овозможува заштеда на енергија и до 70%, а овозможува и заштеда на време и квалитетна подготовка на храната.
Ова се совети за жентие, бидејќи во повеќето земји, готвењето главно се смета за нивна обврска. Практиките за готвење може да се олеснат со користење на повеќе современи горива (на пример, керозин или ТНГ), подобрување на квалитетот на производството на јаглен и користење на електрични апарати. Но, повторно да нагласиме, експертите за заштита на животната средина главно се концентрираат на улогата на cookstoves во намалувањето на емисиите, елиминирање на тешкотии и подобрување на севкупниот квалитет на животот, бидејќи податоците за влијанието врз здравјето на загадувањето за затворен простор се поразувачки. Како истражување и сигурни резултати се спомнува фактот дека жените и децата во земјите во развој се секојдневно изложени на загадување од чад, во форма на мали честички, до 20 пати повисоки од максимално препорачаните нивоа на Светската здравствена организација (СЗО) и други агенции за заштита на животната средина ширум светот. Се смета дека чадот од гориво за готвење предизвикува околу 2 милиони смртни случаи на годишно ниво, од кои повеќе од 99 проценти се јавуваат во земјите во развој. Мајките и нивните мали деца се главните членови на домаќинството кои редовно дишат таков чад за готвење,а децата се особено ранливи во тој поглед. Постојат и докази кои го поврзуваат чадот од готвењето во домаќинствата со појавата на детската пневмонија и разни алегрии. Ризик од пневмонија се појавува кај деца под 5 години кои се изложени на цврсти горива имаат повеќе од 1,8 пати поголеми шанси да страдаат од пневмонија.Во текот на изминатите 15 години за односот помеѓу загадувањето на воздухот и здравјето на домаќинствата покажува дека загадувањето на воздухот во домаќинствата е поврзано со разни здравствени проблеми. Експертите во Бон своевремено порачаа да се замени стариот начин на подготвување на храна со нов, и задолжително да се отфрлат старите шорети и да се водат целосно електризирани современи кујни, со вградени дополнителни ефикасни апарати, за да се избегне загадувањето во затворени средини, кое како што веќе споменавме на годишно ниво одзема околу 2 милиони жители.
Во Скопје и цела Македонија загадувањето е енормно, и на зима доаѓа до второ емсот ан свет, а македонските експерти би требало повеќе да обрнат внимание на информации дека загаденоста расте каде се употребуваат, односно греат и готват на стари шпорети, за кои главно се користат секакви материјали за затоплување- дрва, нафта, јаглен, пелети. Електрините шпорети се вистинскиот избор за да се постигне споменатат цел- повеќе топлина, помалку загадување.