сабота, ноември 23, 2024
домаЖивотЖивотна срединаФилипини затвораат остров за туристите поради загадување

Филипини затвораат остров за туристите поради загадување

Еден од најпознатите филипински острови, Боракај ќе биде затворен за туристите во следните неколку месеци поради загриженоста дека тоа мало, некогаш идилично песочно летувалиште, е загадено со отпадни води од канализацијата, објавија властите на Филипини, пренесе агенцијата „Франс прес“.

Претседателот на Филипини Родриго Дутерте нареди островот да биде затворен од 26 април на најмногу шест месеци, изјави неговиот портпарол Хари Рок.

„Боракај во нашата држава е познат како рај и ова привремено затворање е за и следните генерации да можат да уживаат во него“, изјави Рок за новинарите.

Таа одлука ги загрозува работните места на илјадници луѓе на островот кој годишно го посетуваат два милиони посетители и придонесуваат со еден милион долари во економијата на Филипини, објави агенцијата АФП.

Експертите сметаат дека таа мерка е во спротивност со владината политика за развој на тој остров, вклучувајќи ги и неодамна одобрените 500 милиони долари за најавени казина и нов центар за одмор на Боракај. Властите наведоа дека одредени деловни објекти го користат дренажниот систем на островот за испуштање на канализацијата во море.

Според други извори, проблемите со загадувањето на Боракај, пред се од „колиформни бактерии“ од фекално потекло, започнаа во 1990-тите години, а бројот на туристите се намали за 60 отсто во 1997 година.

Потоа е воведен посебен систем за снабдување со вода за пиење, систем за депонирање на отпадот и изградена е псотројка за преработка на канализациска вода, но заразата опстојува, бидејќи овие системи ги користат само половина од хотелите и само петтина од домаќинствата.

И покрај сето тоа, Боракај во 2005 година беше прогласен за „специјална зона на туризмот“. Проблемите со водата, канализацијата и отпадот во 2015 година беа придружени со абнормално множење на алгите поради фрлањето смет во морето.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ