четврток, декември 19, 2024
домаТехнологијаФејсбук на нов удар: Користел софтвер за препознавање лице без дозвола од...

Фејсбук на нов удар: Користел софтвер за препознавање лице без дозвола од корисници

Фејсбук повторно е на удар, но оваа недела поради својата технологија за препознавање на лица, а не геополитичкиот скандал со протекување на податоци за корисниците без нивно знаење.
Сојузен судија во САД одлучи дека Фејсбук ќе мора да се соочи со тужба која тврди дека социјалната мрежа користела технологија за препознавање лица без дозвола од корисниците.
Во прашање е технологија која ги скенира корисничките фотографии и сугерира пријатели кои треба да се означат.
Тужтелите, група корисници на Фејсбук од Илиноис, тврдат дека Фејсбук собира и чува биометриски податоци на корисници без никакво известување или нивна согласност.
Компанијата ја користи оваа алатка од 2011 година, кога ја лансираше „Tag suggestions“, опција која им кажува на луѓето кого можат да означат на фотографијата што ја објавиле.
Од друга страна, Фејсбук тврди дека отсекогаш бил целосно искрен и јасен за начинот на кој се користи оваа технологија.
Оваа пресуда е уште еден удар за социјалната мрежа, која е во центарот на скандалот во врска со личните податоци на луѓето откако се појавија информации дека „Кембриџ Аналитика“, компанија која собира податоци за политички цели, дошла до огромни количини на податоци за корисниците на оваа социјална мрежа што го користела за да влијае на изборните резултати на претседателските избори во САД во 2016 година, кога победи Доналд Трамп.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ