понеделник, декември 23, 2024
домаНасловнаСредба меѓу премиерите Заев и Ципрас во Софија

Средба меѓу премиерите Заев и Ципрас во Софија

Последната изјава на грчкиот премиер беше дека „последните чекори се најтешки за поминување“, додека Заев оцени дека „ова е добар момент да се потврди она што е досега постигнато“.
Силна поддршка за решавање на проблемот со цел одблокирање на евро-атлантските интеграции на Македонија стигнуваат од европските пратеници. Еврокомесарот Хан за Дојче веле изјави дека е „многу сигурен во успех на разговорите“.
Поддршка за решавање на спорот стигна и од францускиот претседател Емануел Макрон, кој на премиерот Заев на синоќешната средба му рекол дека Македонија и Грција преземаат историска улога со својата посветеност околу решавањето на спорот. Спорот за името се очекува да биде тема и на на билатералната средба на премиерот Зоран Заев и германската канцеларка Ангела Меркел, закажана за денес.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ