среда, декември 18, 2024
домаСпортКошаркаГолем спортски хепенинг - „3х3“ баскет турнир и многу забава на едно...

Голем спортски хепенинг – „3х3“ баскет турнир и многу забава на едно место

Дали сте спремни за баскет 3х3 на отворено и тоа на катната гаража во Скопје Сити Мол со поглед кон урбано Скопје? Секој од вас сега има голема можност да биде дел од Официјалниот турнир во баскет 3х3. Настанот ќе започне со ревијален турнир и тридневен хепенинг во Скопје Сити Мол, на 5то ниво од катната гаража на трговскиот центар. Турнирот „3х3“ ќе се игра од 1ви до 3ти јуни, а натпреварите ќе започнуваат во попладневните часови и ќе траат до полноќ. Ќе се игра во систем по групи, а потоа ќе следи вкрстување и нокаут-рунда.

Покрај официјалнот дел со натпреварите, во рамки на тридневниот настан, посетителите ги очекуваат и многу други забавни активности, натпревар во забивање, натпревар во шутирање на тројки, хип хоп танцување, детски баскетболџии, корнер со стрит фуд храна, итн. Присутните ќе ги забавуваат Диџејите на Скопски Грув (Диџеј Duble G) и Funky Fresh (Диџеј Гоце САФ, Диџеј Чваре и Диџеј Oky Doky), а настанот ќе го модерира Павле Паки (Ведермен).

„Ова лето ќе започне со голем спортски настан, премиерната 3х3 лига на РМ – вистинско освежување во нашата спортска култура. Лигашкото натпреварување ќе започне од 1ви јуни, а ние како совршена локација за старт на турнирот го одбравме Скопје Сити Мол кои нѐ поддржаа и станаа дел од овој настан, придонесувајќи со многу активности и забава за сите посетители во нивен препознатлив стил. Во лигата која ќе трае до септември ќе можат да се пријавуваат и професионални кошаркари и рекреативци. Екипите коишто ќе бидат најуспешни во текот на сезоната ќе се квалификуваат на завршниот турнир. “ – изјави Драган Караџовски од Здружението „3х3“.

Овој 3х3 баскет турнир е официјално признат од FIBA која што е дел од календарот на светската куќа на кошарката, а оттука стартува  и првата 3х3  лига на територијата на Република Македонија. Oвој спорт доби свое место во олимпискиот календар, како официјална олимписка дисциплина кoja ќе биде промовирана во 2020-та година на Летните Олимписки Игри во Токио. Турнирот е поддржан од Агенцијата за млади и спорт и Македонската Кошаркарска Федерација.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ