сабота, ноември 23, 2024
домаНасловнаЖенски приказни: И соседите имаат задача да спречуваат насилство врз жена!

Женски приказни: И соседите имаат задача да спречуваат насилство врз жена!

Валентина Ѓоргиевска Парго

„A neighborhood watch“ или набљудување од соседството е еден од методите кој може многу да помогне доколку во едно семејство се случува (континуирано или спорадично), семејно насилство и, особено, насилство врз жената.

Се случува во еден брак работите да излегле од контрола, и, со тек на време сопружниците да се навикнале на новонастанатата ситуација (во која има насилство, викање еден на друг, тепачки, навреди, кршење по станот), така што целокупното свое насилно однесување да го препишуваат само на „момент на темпераментност“ кој ќе помине брзо.

Во многу населени места постојат двојки, брачни или партнерски, познати по своите чести карања и тепања. Најчесто тоа биле двојки кои почнале хармоничен и среќен брак, кај кои низ годините работите се изместиле од нормала, поради разни причини- снемале финансии, не ги оствариле своите амбиции, фантазии, желби, поинаку го замислувале бракот, претерана амбиционост,  неправилно ги распределиле своите обврски или не може да постигнат со нив,   преголем притисок од барањата на едниот партнер, наследени фрустрации,  едниот од брачните партнери се заљубил во друг/ друга и често мисли на тоа, или изневерува, пороци, алкохолизам, болест и слично.

Кога ќе почнат расправиите ни самите не се свесни дека ја преминале црвената линија. Кај нив, според една неофицијална програма, караниците најчесот почнуваат во исто време од денот или ноќта. Најчесто  тоа е доцна во ноќта, или кога има „публика“ (односно кога се сигурни дека некој ги гледа или слуша, и земаат повеќе сила).

Најопасна работа во овој случај е отсуството на сенс на соседите за помош. Таа помош треба да биде пружана првенствено преку опомена, од најблиските соседи, или од Претседателот на куќниот совет или со некое суптилно предупредување. Доколку има потреба, треба навремено да повикаат социјален работник, или полиција.  Но, многу од нив воопшто не сакаат да се мештаат во тужи караници.

„Остави ги, често се караат. Се навредуваат. Ќе се смират ќе им помине. Кој се сака кој се тепа“, се дел од усвоените стереотипни пароли, на речиси суптилно одобрување на насилството, според кои соседите се дистанциираат од проблемот на оние кои се караат.

-Не сакам да се мешам во нивните расправии. Тие често жестоко се караат, а понекогаш и физички пресметуваат вечерта, а другиот ден шетаат  за рака, гушнати. Еднаш се случи да повикаме полиција, кога дојде полицијата, се прераспоредија во улогите, и здружено вербално ги нападнаа полицајците. Понатаму, не им се мешаме, ги оставивме да си тераат како што наумиле, велат соседите од една скопска зграда во која двојката речиси секојдненво се расправа.

-Тој беше новинар и уредник, познат на јавноста, секој ден се враќаше од работа кај 16 часот  и веднаш почнуваше со „репертоарот“. Се нафрлаше врз жената, која исто така беше високо образована и имаа и дете. Ги штедеше парите и повеќе од потребното, и знаеше да и се изнаразвика само затоа што си дошла со државен автобус а не со приватен, за разлика од пет денари, раскажуваат соседите..

Соседите не превземале ништо, едноставно слушале и прераскажувале меѓу себе, се додека не се развеле и си заминале од таа зграда.

Оваа практика треба да биде една од оние кои го спречуваат насилството да се разгорува.

Во многу случаи соседите се расположени сеирџиски, не ги ни прекинуваат закараните страни , додека не се изнаслушаат се што ќе си изнакажат меѓу себе.

Потребно е таканаречениот систем на „A neighborhood watch“  да биде посовесен, посилен, поорганизиран и благовремено да се пријави насилство во соодветни институции, кога е потребно. Зошто во многу случаи, обична караница преминува во голема тепачка, кај која треба благовремено да се интервенира, за да не дојде до пострашен епилог.

Текстот е дел од проектот „Не молчи, запри го насилството“ на НЧП и WWDP.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ