среда, ноември 20, 2024
домаЖивотЖивотна срединаДа ја спасиме Попова Шапка

Да ја спасиме Попова Шапка

Во одбележување на Светскиот ден за заштита на животната средина, 5 јуни, а, под мотото “Да го спречиме загадуваме со пластичен отпад”, неколку граѓански организации повикаа за акција кон сите нас да се здружиме за да се бориме со еден од големите еколошки предизвици на нашето време.

Апелот дека е потребна итна, конкретна акција од страна на сите засегнати за решавање на проблемот со комуналниот отпад конкретно кај локалитет на зимско рекреативниот центар на Попова Шапка, не е ниту прв, ниту единствен. Платформата Зелена Македонија го посочи прашањето за Шар Планина како едно од 10 жешки точки уште во 2014. Пред речиси една година иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ организираше широка граѓанска акција за собирање на отпад од терените на планината, фрлен од несовесните посетители.

Но оваа наша убавица, Шар Планина, која нуди прекрасни природни убавини, за жал е задскриена зад купиштата ѓубре коишто го ностат потписот како на несовесните граѓани, така и на институциите, надлежни да го решат овој проблем, ја мачат и други проблеми.

На почетокот на 2018 Платформата Зелена Македонија побараа од надлежните да се преземат конкретни акции во насока на обновување и чистење на планината со цел таа повторно да стане привлечна и профитабилна, да се најде повторно на мапата на различна група на посетители и љубители на планината од здравствен, спортски, туристички и економски аспект.

Сега повторно собрани од локалната самоуправа бараат:редовно чистење на сметот (комунален и друг отпад), поставување на комунална опрема (канти и контејнери за отпадоци), сообраќајна инфраструктура (пат и паркинг), комунална инфраструктура (канализациона мрежа и водовод), довршување на започнатите проекти (ски-лифот шестосед, системот за вештачки снег) и прогласување на Шар Планина за национален парк

За возврат нудат помош во мапирање на критичните точки на кои недостасува комунална опрема (канти и контејнери за отпадоци), активно вклучување во акции кои би ги преземале надлежните, граѓанските организации и ние самите, како иницијатива за спас на Попова Шапка, за подигање на јавната свест меѓу месното население за потребата од совесно однесување кон планината;соработка со надлежните власти не само да се идентификуваат предизвиците и проблемите, туку и да се пристапи кон спроведување на решенија на истите

Но исто така и предупредуваат доколку надлежните од локалната и централната власт не преземат ништо и се оглушат на овој апел, понатамошните активности секако ќе продолжат со организрање на помасовни протести !!!

Собирот беше на инцијатива и во организација на: 4х4х4 Балкански Мостови, претставник од Македонија во регионалната мрежа ЕНВ.нет, Младинска алијанса, Тетово  и Граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“.

Погледнете како изгледаат падините на Шапка:

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ