среда, ноември 20, 2024
домаЖивотКарим Рашид - „таткото“ на повеќенаменските куферчиња од шеќерна трска

Карим Рашид – „таткото“ на повеќенаменските куферчиња од шеќерна трска

Кој е Карим Рашид, египетскиот дизајнер со светско реноме? Карим е и „татко“ на еколошките куферчиња во кои се продава NuMe исхраната, како и термосите специјално дизајнирани за подготвување на оваа храна. ПроФитМк и ТехтМк ви пренесуваат кој е дизајнерот на овие еколошки куферчињата...

Модерната западна традиција помешана со ориентална естетика и поврзана со технолошкиот напредок и истражувачките материјали, се карактеристиките на дизајнот на Карим Рашид, хиперактивен дизајнер и архитект на нашето време. Дизајнот на Карим го отелотворува дигиталниот свет и глобалната ера, мешајќи ја естетиката на различни култури.

Роден е во Каиро, во Египет во 1960 година, а израснал и студирал во Велика Британија и Канада. Тој предава во Италија со реномирани дизајнери: Sottsass, Paesche и Bonett. Рашид започна како независен дизајнер во Канада, потоа се пресели во САД. Во последните две децении, Карим Рашид успешно дизајнираше многу објекти и ентериери познати низ целиот свет. Тој сега е водечки дизајнер на производи, но и еден од најпознатите дизајнери на ентериери во светот.

Со негов потпис се над 3000 производи, има добиено над 300 награди, а работел во повеќе од 35 земји. Меѓу многу наградуваните дела може да се издвојат: „Гарбо“ – кантата за смет. Oh Chair за Umbra, ентериерите, како што се Morimoto ресторан, Филаделфија и Senmiramis хотелите, Атина и изложбите за Дојче банка и Ауди.

 

Карим дизајнирал и за Method и Dirt Devil, за Артемида , бренд идентитет за Citibank и Hyundai, високо технолошки производи за La Cie и Samsung, и луксузни стоки за Veuve Clicquot и Сваровски. Работата на Карим беше презентирана на 20 постојани изложби и беше изложена во најпознатите галерии низ светот. Добил почести од Факултетот за уметност и дизајн во Онтарио и од Факултетот за арт и дизајн на Коркоран. Карим честопати е домаќин на гости како предавач на универзитети и конференции ширум светот, зборувајќи и нагласувајќи ја важноста на дизајнот во секојдневниот живот.

Исхраната NuMe е спакувана во модерно, повеќенаменско и еколошко куферче кое е дизајнирано токму од него, а направено од шекерова трска која лесно се разградува. Со негов потпис и од истиот материја е направен и термосот во бела боја и циклама линии, а со заоблени страни што му дава провокативен, но истовремено и мотивирачки акцент на она за што е направен – подготовка на храна за посебни намени -диета!

Тој за неговата работа вели: „Верувам дека можеме да живееме во еден поинаков свет од оној полн со фактички современи инспиративни објекти, простор, места, светови, духовност и искуства. Дизајнот е културен материјал на нашиот свет уште од самиот почеток. Ние дизајнираме системи, градови и работи.Мојата желба е да ги видам луѓето да живеат во нашето време, кои активно учествуваат во современиот свет, луѓе кои се ослободени од носталгија по традиција, според стари обичаи, според кич и апсурдноста …. “

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ