понеделник, декември 23, 2024
домаЖивотИзбегнувајте коцки лед во пијалоците - содржат бактерии

Избегнувајте коцки лед во пијалоците – содржат бактерии

Секој од нас сака да пие ладен сок со многу коцки лед, особено во летните денови. Но, дали сте размислувале за тоа колку бактерии има во заледените коцки? Прочитајте што се се скрие во коцките лед!

Иако неможе да замислите да пиете сок или алкохол без коцка лед, верувам дека откако ќе го прочитате овој текст веќе никогаш нема да порачате пијалок со лед.  Бактериите и нечистотиит може да се најдат на ледoт и во сите можни облици, бои и големини. Бактериите се множат брзо и ако не се забележат навреме, може да  создадат зараза.

Ако површината е контаминирана, бактериите се шират толку брзо, што поединечни видови го дуплираат бројот на секои 10 минути. Стручњаците ги анализирале ледените примероци од 10 ресторани за брза храна во САД. Утврдено е дека кај 6 од 10 локации имало повисоко ниво на бактерии отколку кај повеќето WC школи! Четири примероци биле толку загадени што можеле да предизвикаат сериозни здравствени проблеми.

Во оваа студија бил анализиран и еден ледомат од една болница. Бидејќи машината за лед не била исчистена и сервисирана со години, филтрите за вода не се менувани, создадено е погодно поле за развој на бактерии. Пронајдена е легионела пневмофила, патоген кој предизвикува појава на легионерска болест.

Ледот е одличен додаток на пијалоците, ако е чист. Затоа е многу важно да се исчистат ледоматите, како во рестораните, кафетериите и други објекти, така и оние за приватно користење. Кога келнерот следниот пат ќе ве праша дали сакате коцки лед во пијалокот, размислите добро пред да побарате, бидејќи иако истражувањето е направено во САД, ситуацијата не е ништо подобра во македонските ресторани и кафулиња. Напротив!

Погледнете го видеото и видете што се има во една коцка лед:

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ