петок, ноември 15, 2024
домаНасловнаОд „Банка за храна-Македонија“ апелираат: „Да не ги храниме депониите, да ги...

Од „Банка за храна-Македонија“ апелираат: „Да не ги храниме депониите, да ги нахраниме децата, луѓето и економиите.“

Скопје се буди! Благодарение на Банката за храна – Македонија и „ВСС ефект“ проектот финансиран од Европска унија скопјани беа предупредени за навиките што го имаат во однос на храната. Имено, на три локации во Скопје, контејнерите потсетуваа дека:

„Јас јадам подобро од 60% од децата во земјата“!

Ова е пораката со која од рано изутрина се соочија скопјани, а од организаторот велат дека нема потреба „да се хранат контејнерите и депониите“.

Од Банка за храна Македонија објаснуваат дека преку кампањата сакаат да ја разбудат свеста и совеста кај граѓаните за односот кон храната.

Банката за храна, заедно со својата мрежа од локални партнерски организации веќе осум години работи на подигање на свеста на граѓаните за количината храна која се фрла, како и на поттикнување на култура на донирање на вишоците храна. Преку „ВСС ефект“, организацијата има за цел да ја мобилизира целокупната јавност – граѓаните, институциите, организациите и бизнисите, заеднички да креираат закон со кој ќе се спречи фрлањето храна.

Доколку сте заинтеерсирани за нивните акции и кампањата следете ги и приклучете им се на Facebook: WSS Effect – Банка за храна МК, а вашите акции во однос на оваа кампања оставете ги со коментар за поддршка под хаштаг: #EveryBiteMatters и #СекојЗалакЗначи.

Оваа герила акција во која со стикери  со тажни физиономии и порака испишана на македонски, англиски и албански јазик се дел од  кампањата на „ВСС ефект“ проектот финансиран од Европска унија и спроведуван од Банка за храна МК и партнерите: Организација на жени од Струмица, СИБАХЕ-Словенска Банка за храна и Европска федерација на Банки за храна (ФЕБА).

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ