среда, декември 25, 2024
домаЌе гласам за успешен Референдум

Ќе гласам за успешен Референдум

Откога Отецот европски повика на разум и подавање на рака на ближниот да излезе и да гласа ЗА референдумот, ми олесни на душава. Сега со мирно срце, европски сервисирано и поддржано од Жан Митрев ќе заокружам за. Дури и газдата на Систина, Камчев, побрза да се определи ЗА, да не се случи да го заборават за во Европа, па ако се разболам од многу мислење знам кај да појдам. Никола Тодоров ќе си одговорел на референдумското прашање како што си сакал; само тој си знаел како може и со да и со не да се изјасни. А лидерот на опозициската “ВМРО зомби” партијата, Мицковски се заплетка во гласам – не гласам објаснувањето и премудро заклучи дека “народот ќе одлучел по сопствено убедување” – генијално.

Со примерите за определбата на јавните личности може да се заклучи дека сме забегале далеку од демократскиот (читај прогресивниот) развој на општеството. Среќа во несреќа е што сме поставиле високи цели за зачленување во ЕУ. Тоа допринесе да дојдат во Македонија врвни лидери и да се обидат да ни објаснат за значењето на моментот. Додуша, се плашам да не се изгубат пораките во “преводот на македонски” зашто зачаурените и стари структури и послушниците на минатиот режим кои владееја со Македонија, сеуште не се изгребани од прегореното дно. Па можно е обичниот граѓанин огреан од сонцето од некоја беломорска плажа да заборави, да не разбере и да одбие да избере дали е за засукување на ракави и плукање во дланките, за прифаќање на етичките принципи на европското семејство (па нека е и како Северна Македонија). Или е за влечење по калта на полтронството, незнаењето, мрзеливоста, корумпираноста со супер оправдувањето “за бегање од часови” т.е. именувањето на безимената или ако сакате Бившојугословенска Македонија со Северна.

Пратениците кои ги гледам, одвреме навреме по тв дуели се носителите на кампањата за референдумот па честопати не ми е јасно кој ги избрал тие ликови на изборните листи. Низ нивната елоквентност лесно се воочува до кое дереџе сме и дали ќе можеме со најпозитивниот исход од референдумот да ја допреме Европа наредниве десетина години. Но НАТО сигурноста ни е загарантирана. Иако сум лично против сите воени сојузи, зачленувањето таму може да го забрза економскиот развој (примери од соседството) и да допринесе за развој во образованието и науката. Па тогаш дури да се надеваме на образовани и елоквентни пратеници кои ќе не водат преку вистинскиот избор до подобри решенија.

Тогаш веројатно опечените граѓани ќе разберат дека Македонците се Македонци и може да говорат, Учат и Работат на македонски јазик.

И да не се лажеме – не е проблем името на државата, проблем е лапни дрпни системот за збогатување без работа и без напор од кој ќе мора многумина принудно или по сопствена воља да се откажат. Тука не се работи за менталитет или за поднебје. Тука е “Пиши под македонска револуционерна борба” состојбата без која губат смисла за постоење многумина.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ