недела, декември 22, 2024
домаНов биланс на жртвите од земјотресот и цунамито во Индонезија, изби и...

Нов биланс на жртвите од земјотресот и цунамито во Индонезија, изби и вулкан

Бројот на жртвите во земјотресот и цунамито на индонезискиот остров Сулавеси се зголеми во среда до 1.407, изјави официјален претставник, а болниците се соочуваат со се поголем број на повредени лица во ек на недостиг од електрична енергија и гориво.

– Повеќе од 2.250 лица беа примени во болница со сериозни повреди, а 113 се водат за исчезнати како резултат на катастрофата што го погоди островот во петокот, изјави портпаролот на Националната агенција за справување со природни катастрофи Сутопо Нугрохо.

„Очекуваме овие бројки да продолжат да растат. Повеќе од 7.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови“, рече тој.

– Некои од повредените се пренесени во болниците во Палу кои останаа без електрична енергија – рече Бамбанг Садево, воен офицер задолжен за евакуација.

„Ним им треба лечење, но бидејќи немаат електрична енергија, не можат да се лекуваат во Палу“, додаде тој.

Бамбанг истакна дека 15 авиони, вклучувајќи и карго авиони Херкулес Ц-130, ќе се користат за транспорт на повредените во Макасар, главен град на провинцијата Јужен Сулавеси. На аеродромот Мутиара ел-Јуфри во Палу, како што се пренесува повредените се лекуваат во полски болници.

На сето ова на островот Сулавеси еруптираше и вулкан. Неколку дена по земјотресот и цунамито во кои загинаа повеќе од 1.200 лица, утрово во 8:47 часот по локално време еруптираше и вулкан. Пепел се издигала и до 5.809 метри надморска височина, јавуваат агенциите. Издадено е предупредување за регионот во радиус од 6,5 км од вулканот. Се очекува дека пепелта ќе падне северозападно од планината. Локалниот аеродром моментално работи без никакви проблеми.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ