сабота, ноември 16, 2024
домаЖивотСоцијална политикаЖенски приказни: На естрадата и во медиумите врие од прикриени насилнички и...

Женски приказни: На естрадата и во медиумите врие од прикриени насилнички и насилници!

Валентина Ѓоргиевска Парго

Нема да верувате некои нешта што ќе ги прочитате, по прв пат, базирани на вистинити приказни, но голем дел од личностите кои се нашле на естрада или во медиумите, не се тоа што се претставуваат во јавност. Имаат подруго, „грдо“ лице, и вршат суштилно насилство, со ширење невистини, дисквалификации, озборување зад грб, остранување, газење на квалитетни личности, уцени, вербални насилства и подмолни сплетки, со цел да наштетат некому. И тоа го прават иднивидуално, самоиницијативно или со здружени сили.

Да се вратиме низ времето, деценија, две.
1. Една контроверзна поп пејачка извршила обид за психичко насилство врз новинарка, во периодот кога имала хит на овие простори, со тоа што се јавувала кај уредникот во редакцијата на дневниот весник, за да ја избрка од работа. Причина било што најголемата македонска ѕвезда бил ставен на насловна страница, а не таа, а пееле на ист фестивал, низ Балканот. Понатаму, кога постхумно јавно изјавувала дека биле блиски и настапува во негова чест, новинарките запознаени со овој случај секогаш се присетуваат на насилството што сакала да го направи и кое остана како нејзин белег.
2. Млада поп пејачка кога дошла да студира во Скопје, го делела станот со неколку други цимерки. Затегнатата ситуација со една од цимерките „ја решила“ со тоа што ја претепала, а крв бликала на подот низ целиот стан. За среќа се погодиле и другите цимерки тука и и викале-“прекини да ја тепаш, ќе ја убиеш“. Тоа и ја спасило цимерката на пејачката. Морбидно, но вистинито!
3. Во медиумите своевремено се пишуваше кога две познати водителки се степале во кафуле за момче, но не се дозна и не се пишуваше дека позната фолк пејачка и позната ТВ водителка се степале во куќата на својот љубовник, од кој и двете имале клуч, а се затекнале една со друга.
4. Друга позната фолк пејачка во фелата ја знаат како насилничка. Можеме само да нагаѓаме дали е точно дека пред две децении првата свекрва грубо ја нападнала, но сосема добро знаеме дека идентично се однесувала и кон втората (несудена свекрва). Во старскиот дом таа кажувала за нејзината грубост – кога ја замолила да ја измасира и да и стивнат болките во грбот, грубо и возвраќала, со зборовите „Нее сум ти јас тебе слугинка“. Пејачката своевремено и се степала со одредена личност во дискотека во Струмица, а со новинарките постојано е во конфликт. Една „машка“ случка за неа се раскажува. На турнеја во Австралија купила диктафон. И со него ги снимила двајцата свои колеги, а пред тоа ги испроцирала за да ја озборуваат. Иако снимката била незакноска, потоа со неа им направила вистинска драма, во далечниот континент.
Мизогини (притаени) насилнички има и во естрадните медиуми, и новинарките кои работаат во нив.
5.Тв водителка, само што била поставена за уредничка на порано постоечко и познато списание, претежно женско списание, уште првиот работен ден ги заклучила колешките и колегите и не им дозволувала да си одат дома, додека не и ги кажат сите свои идеи за подобар весник, и неколку часа по работното време ги држела во заложништво, гладни, жедни, измалтретирани.
6.При патување на промоција на филм и Тв спот на фолк група за Битола, во комбито, организаторката (инаку, уредничка на забавно културна рубрика во дневен весник, за која и подолу ќе наведеме примери) ги убедувала колешките од другите медиуми дека е време да се направи потаен сојуз, да се среќаваат еднаш неделно, и доколку тој сојуз одлучи дека некоја пејачка не е пожелна , сите да навалат на неа. Да се изживуваат со деградирачки текстови. Прва на мета им била русокоса млада поп пејачка. Во тоа најгласен поддржувач бил Тв водител, кој поради својата тв работа има земено и награда за хуманитарна акција (замислете). ТВ водителот, навидум насмеан и мил со жените, а голем женомрзач, неодамна јавно нападна новинарка, со цел да ја деградира. Во тоа му се приклучија уште неколку (познати) вербални насилнички, но веќе за тоа пиувавме кој член од законот го прекршиле.
7. „Мојата тетка беше цел на напад на познат текстописец и новинарка. Тие во јавноста креираат еден имиџ, во реалноста се нешто сосема друго. Мојот талент за пеење беше неоспорен. Се поврзав со нив, а тие ме убедуваа дека работеле за најславните, дека цела естрадата зависи од нивниот збор, па да им дадам неколку илјади евра за песни, спотови и учества на фестивали. Незнаејќи дека тоа е рекет и е незаконско, им дадов пари на рака, навистина ми направија да настапам на два поп фестивала. При една посета со мојата тетка, мислејќи дека тетка ми располага со големо богатство, и побараа сума која во евра надминуваше големи пет цифри. Кога им кажа дека тоа е премногу да даде од џеб, дека нема, а спонзор не знае како да најде, и дека не е во состојба да плати, почнаа рафално да ја навредуваат и да и се развикуваат. Со секакви погрдни зборови. Се најдов насредина во оган. Си ја зедов тетка ми, која беше потресена и шокирана, и се тресеше, и заминавме, а јас оттогаш толку ја замразив музиката, што дури не пеам ни за свој ќеф. Поради тие прикриени насилници“, ни открива пејач.
8.Новинарките од една редакција на дневен весник се потсетуваат на невротичната и неурамнотежена уредничка која секојдневно вршела мобинг врз нив, трескала телефони и постојано се дерела на високи децибели. Но, уште посвеж пример им е една следна уредничка во забавно културната сфера. За неа раскажуваат многу работи, на кој начин вршела секојдневни тортури и вербални насилства. Ја донел чичко и, кој бил уредник- новинар во весникот, а ја прифатил млад уредник, кого му се нудела да му купува цигари. И така, не ги научила тајните на новинарството, но научила (привремено) да се провлекува кај главните.
-Беше нападна како колешка, но кога ни дојде за главна уредничка жена, веднаш и се стави во улога на нејзина верна сенка, слугинка, „момок“. И доби и функција. Тогаш почна изжувувањето врз сите. Ја снема она девојка која со своите финансии се грижи за семејството, за мајката која се мачи продавајќи нискоквалитетна облека на тезга и за невработениот татко. Ни она девојка која е жртва во врската со момчето кое ја изневерува. Стана монструм. Се дереше. Кога замина, да работи во телевизиски проект, славевме во редакција. Но наша грешка е што не и предложивме да се лекува, да си ја лекува психата и сиот тој хаос во нејзината глава, кое можеби не е измачување врз други, ами и самоизмачување за неа, велат колешките и додаваат:
– Меѓудругото ја запаметивме кога на постара колешка и го прекина честењето за внуче од внук, велејќи и дека не е причина да слави, затоа што снаата е разведена и со деца и од претходниот сопруг. Последниот ден на колешка која заминувала во пензија и го расипала со извикувањето- „немој да се жалиш дека ти е мала пензијата, нека работи и синот твоиј, нека не седи дома ко недоветен“. Пензионерката си заминала во солзи и со длабока навреда. Немала хуманост ни кон лица со посебни потреби. Ангажманот на познат новинар кој има проблеми со одењето го одбила со зборовите-што ќе ми е тој во екипа, кога не може да „трча“ на настани. Примитивзми бескрај…
Уредникот кој ја примил на работа, кој за жал не е веќе межу живите, раскажуваше еден немил настан со неа. Во периодот кога работела како ПР на концерт, во редакцијата на уедникот им испратила два билети, за објавената реклама. Но, наместо уредникот на концерт отишла неговата сопруга со другарка. Тогаш таа не само што не ги пуштала да влезат, туку го викнала и обезбедувањето и пред сите ги навредувала и ги деградирала, на што уредникот и пратил заканувачка и омаловажувачка смс порака, полна со навреди. Мирољубивиот уредник, го извадила од такт, со самото тоа ѓто ја нападнала јавно неговата сопруга и нејзината другарка.
9.Но не се само женските насилнички, имаме примери и на насилници во медиумите.
-Неодамна му се јавив на еден (не многу едуциран) Тв водител да му понудам соработка. Веднаш ми се нафрли дека ако соработувам со новинарка од друг медиум, особено со новинарката која интензивно пишувала за мене, со него не може да соработувам. Да се одлучам, раскажува уметница за насилникот кој ја присилувал и уценувал на ваков начин, иако тоа е спротивно од законот и новинарската етика.
На македонската естрада и во македонските медиуми за жал има прикриени новинар(к)и- насилници, кои добиле шанса да работаат за некој поприсутен медиум, но тие со своите дела, кои нема вечно да остана нескриени, го нарушуваат правото на жената и го прекршуваат и правото, и Уставот. Наведовме неколку примери на ваков тип на насилство и присилба, и примитивизми, но има уште многу да се пишува. Но, во иднина мора да се создаваат услови за квалитетни релации, и поголема култура, затоа : НЕ СМЕЕ ДА СЕ МОЛЧИ ЗА ВАКВИТЕ ПРИСИЛУВАЊА, УЦЕНИ И НАСИЛСТВА ВРЗ ЖЕНИ, ОСОБЕНО НЕ ЗА ПРИМИТИВИЗМОТ КОЈ НЕКОИ ЈАВНИ ЛИЧНСОТИ ГО СПРОВЕДУВААТ! ТОЛЕРАНЦИЈА НУЛA. ZERO TOLERANCE!

Текстот е дел од проектот „Не молчи, запри го насилството“ на НЧП и WWDP.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ