сабота, ноември 16, 2024
домаЖивотВојче Китановски единствен делегат на „АВНОЈ 2018“ (ФОТО)

Војче Китановски единствен делегат на „АВНОЈ 2018“ (ФОТО)

По четврти пат, годинава, познатиот Војче Китановски отпатува во босанскиот град Јајце, за да ја прослави годишнината од АВНОЈ, заседание на кое токму на 29 ноември 1943 година се конституирала државата СФР Југославија, во чии рамки беше и СР Македонија. А годинава, по 75 пат, во тие празнични денови, кои се прославија изминатиов викенд, Јајце го посетиле околу 30.000 Југословени од различни места на поранешна Југославија.
Војче бил еден од нив, а единствен од Македонија, кој не само што излегол на бина да ги поздави присутните и да одржи пригодна реч во облеката на Тито, туку и стрпливо се фотографирал со своите бројни почитувачи, а на директорката на Националниот музеј во Јајце и врачил цветна лента со 75 цветови, од уметникот Живко Поповски Цветин.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ