Девојчето од Чиапас беше препознаено од Институтот за нуклеарни науки на Унам за нејзините извонредни научни достигнувања., Taa, nа само 8 години, дизајнираше и конструираше бојлери на соларна енергија со користење на рециклирани материјали, пренесува Cultura Colectiva.
Во заедницата Ксичил во Чиапас, Мексико, ресурсите се малку. „Луѓето немаат пари да купат грејачи, па затоа сечат дрвја за да добијат огревно дрво за да ја загреат водата“, вели таа.
Користејќи само отфрлени материјали како шишиња, дрво и пластика, таа направила уред за греење што работи на бесплатен и достапен извор на енергија: сонцето.
Нејзиниот уред не само што функционира да обезбеди топла вода на семејствата со ниски приходи во нејзината заедница, туку и заштедува дрвја!
Семејството на Ксичил и помогнало да го постави уредот на нивниот покрив и го користеле за да загрее вода за да се искапат. Ксичит вели дека секогаш се бања набрзина, „за да има доволно [топла вода] за мојот помал брат“.
Младата изумителка неодамна беше призната од Институтот за нуклеарни науки на универзитетот во Мексико заради својот соларен уред за затоплување на вода, кој има потенцијал да ги подобри животите и околината не само во руралните мексикански заедници, туку и во земји ширум светот.
Ако ова е она што Ксичил го прави на осум години, можеме само да замислиме што и носи иднината.