среда, ноември 20, 2024
домаНасловнаLEGO коцките ќе бидат од биоразградлива пластика од коноп

LEGO коцките ќе бидат од биоразградлива пластика од коноп

Како дел од нивните цели за одговорност во животната средина, компанијата за производство на играчки, LEGO има за цел да пронајде еколошки одржлива алтернатива на пластичната смола (ABS) која моментно се користи за производство на коцките за играчки. Компанијата си постави за цел да произведе нови еколошки коцки до 2030 година.

ЛЕГО прави играчки од 1932 година, кога започна основачот Оле Кирк Кристијансен
да прави дрвени играчки. Компанијата започна со производство на коцки за градење игри во 1949 година и во моментов, годишното производство изнесува 60 милијарди коцки.

Алан Расмусен, директор на развојни проект во ЛЕГО рече: „Треба да најдеме материјал што е исто толку добар како и овој што сег аго користиме, но новиот треба да биде толку добар што ќе има гаранција и во наредните 50 години, бидејќи овиеиграчки се пренесуваат од генерација на генерација“.

Расмусен потврди дека потрагата по одржливост е во рани фази, и тие веќе тестирале некои коцки користејќи модифицирана поли-млечна киселина, која била „многу, многу блиска“ од нивната замисла за коцки со еколошка назнака, а направени од биоразградлив коноп.

Австралиската компанија Зеоформ веќе неколку години работи на развој на биоразградливи технологии за коноп. Компанијата има патентирано разноврсна пластика изработена целосно од коноп и погодна за речиси секој производ за кој можете да помислите. Материјалот може да се инјектира или да се стави во шишиња, сламки, мебел, градежни материјали, па дури и во коцките за играње.
Не постои ограничување на употребата за пластика од коноп и смоли и био-композити и како што расте побарувачката, така да се појавува и потребата од одгледување коноп за локално производство.

Освен сите веќе споменати позитивни еколошки квалитети, одгледувањето коноп произведува кислород, станува збор за брзо одгледување, може да се собере за четири месеци, е отпорен на повеќето штетници и бара помала обработка. Одгледувањето коноп за локално производство, исто така, ќе го намали јаглеродниот траг на транспортот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ