Српските граѓански организации кои што се занимаваат со безбедност на храната дошле до листата со список на производители на храна кои користат генетски модифицирани производи (ГМО) во производството и чии производи се наоѓаат на нивниот, но и на нашиот пазар. Имињата на компаниите кои користат ГМО при произвдоството значат малку за нас, но кога ќе прочитате што овие компании произведуваат ќе ви стане јасно дека барем еднаш сте пробале нешто од нивната палета на производи.
На списокот на производи што користат ГМО се наоѓаат Сникерс, Марс, Твикс, Млечен пат, Баунти, грашакот „Uncle Ben’s“, Липтон (чајот), Кадбери (чоколадо, какао), многу популарните и искрено вкусните произвдои од италијанската компанија Фереро (Нутела, Киндер јајце, Киндер буено), Нестле Чоколадо, Нестле Несквик, како и газираните пијалаци кои катадневно ги косумираме: Coca-Cola, Sprite, Fanta, Pepsi, 7-up. На листата на производи кои содржат ГМО се и оние на Хелман (зачини, мајонез, сокови), како и на Хајнц (зачини, мајонез, сокови), храната за бебиња ХИП, Abbot Labs Similac (млечен прав за бебиња) и производите Данон (јогурт, кефир, сирење)
Но, од соседна Србија укажуваат на тоа дека производите на ФРИКОМ се исто така од ГМО , особено сладоледите и потенцираат дека содржат канцероген карагенан, еден од најштетните адитиви (E407). Овој адитив е забранет е во Европската унија затоа што предизвикува карцином на дебелото црево. Оттаму порачуваат при купување на производи од овој бренд да се чита содржината на адитиви, па дури потоа да се купува производот. Сепак, важно епрво да се научат акронимите и значењето на истите, за да граѓаните знаат што купуваат.