Венко Филипче на денешната прес конференција информира дека тестираните лица се негативни и немаат корона вирус, а се очекуваат резултатите од возачот кој ја возал заразената пациентка и кој самиот се пријавил за тестирање. Тој е изолиран во болницата во Струмица и ќе остане таму се до стасување на резултатите.
Министерот Филипче информира дека владата го прифатила предлогот да се препорача да се откажат сите поголеми јавни собири до 6 март, додека се откажуваат карневалите во Струмица и Прилеп, а спортските натпревари ќе се играат без публика. Нема никаква друга причина освен претпоставката дека на овие настани ќе има многу лица кои доаѓаат од Северна Италија и можноста од ширењето на заразата да е поголема.
„Нема место за паника, овие се превентивни чекори“, изјави министерот Филипче.