сабота, ноември 30, 2024
домаЖивотНови 49 мртви во Италија, мерките за спречување на заразата неуспешни

Нови 49 мртви во Италија, мерките за спречување на заразата неуспешни

Се чини дека Италија тешко се справува со ширењето на корона вирусот. Иако денеска за италијанските власти е денот Д, односно 14 дена кога Италија започна со борба против коронарниот вирус, и периодот на инкубација на вирусот, се чини дека земјата е на почеток од заштитата. Имено, преземените мерки речиси и да немаат ефект и на земјата и претстои далеку посериозна борба, а само во едно деноноќие регистрирани се 49 нови починати со што бројката се искачи на 197 во Италија. Во земјата има над 4600 заразени и имаат најмногу смртни случаи надвор од Кина.

И додека во Европа битката се води во неколку земји, пред се Италија и Грција, се чини дека паника ја фаќа и Америка. НБА лигата испрати писмо до раководството на 30-те екипи, од кои се бара да развијат планови за одигрување на натпревари без гледачи само со потребниот персонал. Натпреварите би се играле без присуство на новинари. Во истиот меморандум, се наведува дека тимовите се подготвуваат да ја измерат температурата на играчите, членовите на тимот, судиите и секој друг што мора да присуствува на натпреварот. Од друга страна, Леброн Џејмс смета дека ова е „невозможно“ и не сака да игра без гледач.

Во Америка, најмалку 332 лица се заразени, а вирусот на корона се појави во 28 држава. Во САД, досега 17 лица починале од коронарен вирус.

Во светски рамки вирусот уби околу 3.500 луѓе ширум светот, со повеќе од 101.400 заразени.

Од Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михајлевиќ“ во Загреб утрово соопштија дека е потврдено друго заболено лице со корона вирусот, што значи дека досега во Република Хрватска се потврдени 12 лица.

На крузерот “Grand Princess” , на кој му беше забранет влез во пристаништето во Сан Франциско, 21 од 46 тестирани се позитивни на корона вирусот, па американскиот потпретседател Мајк Пенс рече дека бродот ќе биде пренесен во некомерцијално пристаниште со сите 3.400 патници. Од 21 лице кај кои е потврдено дека имаат корона вирус, дури 19 се членови на екипажот. Претседателот Доналд Трамп изјави дека лично би сакал сите патници да останат во карантин на бродот, но конечната одлука ќе ја остави на професионалците.

Но. праксата да се ​​држат патници на заразениот брод се покажа како катастрофална стратегија неодамна во Јапонија, бидејќи таквата одлука резултираше во една од најголемите епидемии на вирусот. Вирусот се шири и во САД, при што досега се пријавени 15 смртни случаи, а во петокот први заразени се регистрирани во шест нови држави – Пенсилванија, Индијана, Минесота, Кентаки, Оклахома и Небраска – па бројот на сојузни држави каде се појавил вирусот порасна на 25.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ