сабота, ноември 16, 2024
домаЖивотЗдравјеФилипче: Влошена состојбата на првозаразената пациентка од Дебар, новозаболен 15-годишник

Филипче: Влошена состојбата на првозаразената пациентка од Дебар, новозаболен 15-годишник

Од утрово се влоши состојбата на првата пациентка од Дебар кај која што беше дијагноситициран коронавирус и таа е приклучена на машина за механичка вентилација со соодветната терапија, информира на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој информираше и дека од Дебар треба да пристигнат 4 новозаболени меѓу кои е и 15-годишно момче. Првозаразената пациентка во джавава во понеделник ќе биде испишана и пуштена на домашно лекување, посочи Филипче.

Тој соопшти дека од пациентите на клиниката, една е од Скопје и седум од Дебар и дека се тестираат нови седум лица од Дебар и еден странец. Дополнително за тест се пријавиле и двајца граѓани кои патувале во Шпанија, бидејќи се пријавиле со покачена температура за кои резултати ќе бидат соопштени подоцна.

Министерот рече дека во Дебар е мирно, нема некакви проблеми и дека епидемиолог и инфектолози се на располагање на сите пациенти од тој регион.

-Лекарите ќе работат во една или две смени. Ќе бидат на повик континуирано. Одговорно лице за организацијата е директорот на дебарската болница. Има посебно одделение со посебен влез каде се упатуваат сите пациенти кои ќе имаат симптоми слични на грип“, кажа Филипче.

-Луѓето разбираат за што станува збор. Во болницата ќе се работи во една или две смени, а лекарите ќе бидат достапни и на повик. Итните случаи ќе се носат во Скопје и струга, рече Филипче.

Министерот за здравство им порача на граѓаните да останат дома, посочувајќи оти ќе се даде препорака за затворање на моловите, оти на тие места најлесно може да се шири вирусот.А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ