домаНасловнаОпштина Ресен со мобилен тим за помош на ризичните групи на граѓани...

Општина Ресен со мобилен тим за помош на ризичните групи на граѓани во услови на пандемија

Градоначалникот на  Општина Ресен, Живко Гошаревски ги информира граѓаните на општината дека е формира мобилен тим за помош на сите стари и изнемоштени лица и лица со попреченост од општината.
Во споделената информација се вели „Секој оној граѓанин од наведените категории, кој има потреба од набавка на лекарства, прехрамбени производи и средства за хигиена, со цел да не остварува непосреден контакт со останати луѓе и се изложи на дополнителна опасност од инфицирање со Covid-19 (коронавирус) ќе може да телефонира секој ден од неделата, во секој дел од денот, на следните телефонски броеви: – 077 730 764 – Ружица  и 078291065 – Иванчо“
Градоначалникот истовремено упатува апел до граѓаните да се однесуваат одговорно и да останат дома.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ