петок, ноември 29, 2024
домаЖивотЗдравјеПрвата пациентка со коронавирус заминува на домашно лекување, се чекаат тестови на...

Првата пациентка со коронавирус заминува на домашно лекување, се чекаат тестови на три лица од Дебар

Министерството за здравство информира дека првата пациентка со корона вирус денеска заминува на домашно лекување. Таа беше по втор пат тестирана по дијагностицирањето на вирусот, нејзините тестови се негативни на коронавирирусот и таа добро се чувствува.

Здравствената состојба на пациентите позитивни на КОВИД-19 кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна. Во стабилна состојба е и првата пациентка од Дебар која е на респираторна машина. Стабилни се и 5-те пациенти во Дебар.

Во текот на ноќта нема нови лица тестирани на корона вирус, а во моментов се чекаат брисеви за тестирање на три лица од Дебар, сите тројца контакти на претходно заболените.

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче утрово одржа редовен состанок со Комисијата за заразни болести, на која се разговараше за состојбата со овој вирус во земјава.

Во моментов, се одржува состанок со кризниот штаб во Владата на Република Северна Македонија.

Инаку за денеска во 16 часот претседателот Стево Пендаровски свика седница на Советот за безбедност на која поканети се да присуствуваат и министерот за здравство и началникот на Генералштабот на Армијата, со единствена точка на дневен ред – состојбата со Ковид-19, и прашања поврзани со ширењето на коронавирусот во земјава. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ