Меѓународниот олимписки комитет во вторник ќе распраава за Олимписките игри во Токио чие одржување е ставено под прашање. Главните лица на МОК со претставниците на светските спортски организации ќе разговараат за судбинаата на Игрите кои би требало да почнат на 24 јули.
Поради пандемијата на коронавирусот откажани се бројни квалификациски турнири.
Повеќе пати главните лица на МОК изјавија дека не размислуваат за одлагање, но сепак со доза на внимание го следат развојот на ситуацијата со коронавирусот.
Премиерот на Јапонија Шинзо Абе истакна дека Организацискиот одбор на Игрите прави се за натпреварите да се одржат на време и дека верува оти нема да има проблеми.