вторник, ноември 26, 2024
домаЖивотАпликација која пресметува колку тоалетна хартија ви е потребно...Пресметајте, не купувајте без...

Апликација која пресметува колку тоалетна хартија ви е потребно…Пресметајте, не купувајте без контрола!

Во последно време, сите сме сведоци на неконтролирано купување тоалетна хартија во продавниците. Во оваа прилика, се појави страница на Интернет, која одговори на прашањето колку дена ќе ви траат залихите тоалетна хартија што ги имате дома.
Новата страница наречена howmuchtoiletpaper.com нуди математичка пресметка.
Поточно, калкулаторот се состои од две основни линии каде означувате колку парчиња имате и колку пати на ден одите во тоалет. После тоа, калкулаторот пресметува колку дена ќе трае залихата што ја имате.

На пример, ако имате четири ролни тоалетна хартија и одите два пати на ден во тоалет, на веб-страницата се вели дека тие ќе ви траат 32 дена. Исто така, постојат „дополнителни опции“, како што се бројот на денови во карантин, бројот на членови во домот или колку листови хартија користите.

Досега повеќе од два милиони луѓе ја посетија оваа страница, со цел да го намалат можниот недостиг на тоалетна хартија ширум светот. Автор на апликацијата е Бен Сасон, лондонски студент и развивач на софтвер и Сем Харис, уметник, откако разговарале за тоа колку тоалетна хартија користат секојдневно и што може да се промени за време на пандемија.

Исто така, на веб страната испраќаат апел до луѓето да се воздржат од себичност и нерационалното купување на сите пакувања што можат да ги најдат во нивната локална продавница, бидејќи на другите нема да им остават ништо.

Отворете ја веб страната и пресметајте колку тоалетна хартија ви треба!

Н.С.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ