сабота, ноември 16, 2024
домаКујнаПласидо Доминго итно префрлен во болница поради коронавирусот

Пласидо Доминго итно префрлен во болница поради коронавирусот

Најпознатиот шпански оперски пејач Пласидо Доминго (77) е итно префрлен во болница во Мексико две недели откако ги почувствува првите симптоми на корона вирусот.

Како што пренесуваат странските медиуми, на Пласидо ненадејно му се слошило, а за да биде под постојан медицински надзор, тој престојува во болница во познатото мексиканско одморалиште Акапулко. Пејачот моментално е во стабилна состојба.

„Тој ќе остане во болницата сè додека лекарите сметаат дека е потребно“, изјави неговиот тим.

Пласидо Доминго претходно преку Фејсбук соопшти дека бил тестиран за корона, дека тестот е позитивен, а потоа ги повика сите да бидат внимателни и строго да ги почитуваат пропишаните мерки.

Доминго донираше половина милион долари на фонд кој се бори да им помогне на оние кои се во критична состојба заради коронавирусот.

Пласидо е горд сопственик на седум Греми награди, а неодамна неколку жени го обвинија дека сексуално ги вознемирувал. По овие обвинувања, тој поднесе оставка како директор на Операта во Лос Анџелес и беше најавено дека повеќе нема да настапува во Метрополитен во Њујорк. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ