МВР до ОЈО ќе поднесе кривична пријава против лицето Ф.К. кое наместо да се придружува до прописите за заштита од ширењето на коронавирусот, спротивно на сите законски мерки и препораки слободно се движело, остварувало средби и заразило повеќемина, притоа придонесувајќи за ширење на епидемијата, соопшти денеска заменик-министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска.
На 8 март осомничениот влегол во земјата на преминот Табановце и иако бил обрвзан да биде во самоизлоација 14 дена,за што и потпишал документ, спротивно на одлуките донесени од владата го прекршил кривичниот законик , а остварувал средби со родителите, со пријателката, но и со вработените во фирмата. Дополнително, во полициска станица Карпош тој изјавил дека не патувал и дал лажен исказ, посочи Петровска.
Таа додаде дека е недозволиво поединци да го изигруваат законот, а бидејќи има сознанија дека дозволите за работа во ноќна смена се злоупотребуваат, доколку тоа се утври полицијатаа ќе постапи крајно рестриктивно и ќе се преземат сите мерки -притвор, гонење за кривично дело и лишување од слобода на сите прекршители. А.Р.