четврток, декември 19, 2024
домаНасловнаФорд и Џенерал електрик ќе произведат 50.000 респиратори

Форд и Џенерал електрик ќе произведат 50.000 респиратори

Американскиот автомобилски гигант „Форд“ и филијалата на медицинска опрема на „Џенерал електрик“ (ГЕ) планираат да произведат 50.000 медицински респиратори за 100 дена, кои се клучни за борба против пандемијата на коронавирус.

„Форд ќе ги обезбеди своите производствени капацитети за брзо зголемување на производството, а ГЕ Хелткер ќе ја обезбеди својата клиничка експертиза и ќе го лиценцира тековниот дизајн на респиратори“, соопшти Форд доцна во понеделникот.

По производство на 50.000 уреди, компаниите ќе можат да произведат 30.000 респиратори месечно, доколку се појави потреба.

„Форд очекува да произведе 1.500 до крајот на април, 12.000 до крајот на мај и 50 000 до 4 јули, помагајќи и на американската влада да ја постигне својата цел да произведе 100.000 респиратори за 100 дена“, се вели во соопштението.

Форд има намера да го започне производството на 20 април во фабриката во Мичиген.

Новиот вид коронавирус прв пат избувна во кинескиот град Вухан во декември 2019 година, а брзо се прошири во 178 земји и региони. Повеќе од 788.500 луѓе се заразени со новиот вид коронавирус ширум светот, а 37.840 заразени починаа. Оздравеа 166,276 лица, покажуваат податоците на американскиот универзитет Џон Хопкинс.

Во САД, потврдени се 164.610 случаи на заразени и 3.170 смртни случаи. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ