Есенски базар на уникатни современи уметнички творби

На есенскиот базар ќе се продаваат производи на познатите брендови како Mei Ro, Глигор Кузмановски, Ani Soro, Shoewondercrafts, Woodyz, Morpho, Kare workshop, Little things, Farina's handmade, Карло Хорват, Em Ellephantski, Елена Ристовска, UrbanЕra, AnArt, Huggable Dolls - amigurumi, Mighty jewlery, Bluberry и Windmill Shop.

0
215

Од 3 до 5 ноември во најголемиот трговски центар во Скопје, City Mall ќе биде организиран голем Есенски базар на уникатни современи уметнички творби, кои рачно ги имаат изработено мајстори – креативци.

Станува збор за повеќе од 20тина индивидуалци, artisans – уметници, и 18 брендови, кои ќе ги претстават пред јавноста своите најнови и оригинални производи. Па така, овие три денови, посетителите ќе имаат можност да купат автентични производи од филигран и модерен накит, преку рачно изработени чанти и чевли, до дрвени пеперушки, оригинално нацртани маички, саксиички, сувенири и играчки за деца, брошови, урбани принтови и рачно изработени шалови на разбој. Станува збор за имиња и брендови како Mei Ro, Глигор Кузмановски, Ani Soro, Shoewondercrafts, Woodyz, Morpho, Kare workshop, Little things, Farina’s handmade, Карло Хорват, Em Ellephantski, Елена Ристовска, UrbanЕra, AnArt, Huggable Dolls – amigurumi, Mighty jewlery, Bulberry и Windmill Shop.

Секој рачно создаден производ е бесценета приказна, која го заокружува целиот вложен труд на овие креативци, време, внимание и посебно вложена љубов во секој детал од нивната работа. Секој од нив има изградено свој препознатлив уникатен стил, кој раскажува шарени визуелни приказни, со убав почеток и крај, приказни, кои долго ќе се паметат и со радост ќе се раскажуваат. Визуелната комуникација за овие уметници претставува клучна инспирација, моќта да допрат до некого најдлабоко, без притоа да разменат ниту еден збор.

Деликатно направениот избор на уметници само ќе го доразубави просторот во City Mall, кој агилно се грижи да ги поддржи занаетчиите, кои рачно изработуваат автентични производи.