четврток, април 25, 2024
домаШто ќе се смени во Хрватска по воведувањето на еврото?

Што ќе се смени во Хрватска по воведувањето на еврото?

Претседателот на Владата, Андреј Пленковиќ, во понеделникот истакна дека владиниот план за Хрватска е да го направи првиот чекор кон влезот на еврото, влезот во европскиот курс, односно т.н. ERM II, и тоа конечно да се реализира во 2020. година, кога Хрватска треба да претседава со ЕУ.

Влијанието на еврото на инфлацијата беше привремено и изнесуваше 0,23 процентни во просек. Хрватска би требало да се движи во овие интервали, а најмногу ќе растат цени во кафеани и ресторани, пишува Вечерниот лист.

Владата на Хрватска најави дека шест месеци пред влезот на еврото и шест месеци потоа ќе побара цените на стоките и на услугите да се искажуваат во куни и евра, така што граѓаните ќе можат да ги споредуваат цените меѓу валутите.

Курсот по кој куната ќе биде фиксиран за еврото ќе биде познат откако Хрватска ќе ги исполни критериумите и Советот на ЕУ ќе донесе одлука за датум.

Датумот на воведување на евро не зависи само од Хрватска. Првиот чекор е да влезат во механизмот ERM 2, а што очекува премиерот Андреј Пленковиќ да се слчуи во 2020 година, а потоа сето тоа зависи од брзината на исполнување на зададените критериуми.

Кога еврото ќе ги замени куните, апрофесорката Маријана Иванов верува дека тоа би можело да биде по курс 7,5 куни за еден евро, бидејќи тоа е просечна вредност за последните 10 години, симболите на хрватскиот идентитет ќе се најдат на кованите евра.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ