четврток, декември 19, 2024
домаНасловнаПутин се изолираше во екот на епидемијата со коронавирус

Путин се изолираше во екот на епидемијата со коронавирус

Рускиот претседател Владимир Путин реши да ја одржи денешната средба со членовите на владата преку видео конференција, соопшти Кремљ.

Одлуката е донесена само еден ден откако кај директорот на болницата, која Путин ја посети минатата недела, беше потврдено присуството на коронавирусот.

Денис Прошенко беше домаќин на Претседателот на Русија минатата недела при посетата на московската болница за лекување на пациенти заболени од Ковид-19.

Откако се дозна дека Прошенко е заразен, тој се заклучил во својата канцеларија. Од Кремљ тврдат дека сè е во ред со здравјето на Путин, дека тој одржува пропишана оддалеченост од луѓето и дека му дошло малку да „работи во изолација“. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ