четврток, декември 19, 2024
домаНасловнаКуманово со полициски час преку викенд

Куманово со полициски час преку викенд

Владата на Северна Македонија донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во Општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот во петок (денес) до 05:00 часот во понеделник.

Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16:00 до 05:00 часот.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Во изминатите 24 часа бројот на нови случаи во Куманово изнесува 23 лица, меѓу нови и здравствени работници од кумановската болница. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ