среда, мај 22, 2024
домаБејли побара одговорност за сите актери од 27 април

Бејли побара одговорност за сите актери од 27 април

Во исчекување на резултатите од Комисијата за имунитет и мандати за (не)одземањето на имунитетот на пратениците осомничени за настаните од 27 Април, амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли, во изјавата што ја даде за медиумите пред Собранието на  Македонија, уште еднаш кажа дека неговата институција, заедно со претставниците на ЕУ во Македонија го следат развојот на настаните по приведувањата поврзани со насилствата во македонското Собрание на 27 април и потенцира дека одговорните треба да одговараат, но дека мора да се почитува и пресумпцијата на невиност.

„Како што веќе кажавме, ние, како пријател и силен поддржувач на Република Македонија, ги следиме овие важни случувања. Полицијата, обвинителството, судскиот систем, треба да постапува транспарентно со целосно почитување на највисоките стандарди. Секако, ние, ЕУ, рековме дека одговорните за настаните од 27 април треба да понесат одговорност, но процесот исто така мора да ја почитува пресумпцијата на невиност“, рече амбасадорот Бејли.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ