петок, јули 26, 2024
домаКУЛТУРАMузика, Опера, БалетBrass Brothers и MIYATTA го претставуваат својот прв заеднички проект: "I Wanted...

Brass Brothers и MIYATTA го претставуваат својот прв заеднички проект: “I Wanted More”

Македонската музичка атракција Brass Brothers позната по извонредно
динамичните живи настапи ви ја претставува најновата песна, насловена „I Wanted
More“, создадена во соработка со македонската пејачка и кантавторка MIYATTA.
Во оваа интересна музичка соработка, популарниот македонски бенд Brass
Brothers и MIYATTA ги обединија своите сили за да ни го претстават својот прв
заеднички проект, „I Wanted More“. Ова ново музичко издание е моќна музичка
симбиоза која ги спојува уникатните звуци на бендот со прекрасниот вокал на
MIYATTA.
„Ни беше задоволство да соработуваме со MIYATTA . Нејзиниот уникатен вокален
стил ни донесе поинаква перспектива и ја дополни енергијата која сакавме да ја
пренесеме преку оваа музичка творба“, ни изјавија од Brass Brothers.
Оваа песна, која се надеваме дека ќе ги освои срцата на клубската публика, е
најава за концертот на MIYATTA на 15-ти мај во Малата Сала на Филхармонија во
рамките на Скопски Градски Фестивал.
Песната “I Wanted More“ е дел од вториот албум на Brass Brothers, „We Are
Energy“. Таа го задржува добро познатиот енергичен музички потпис на бендот, кој
дополнет со денс ритамот повторно создава уникатна и интерактивна музичка
приказна.
Музиката и аранжманот се дело на Горан Мицевски Кус, фронтмен и тромбонист
во Brass Brothers, додека текстот е на Наташа Мијат Крстевска.
Видеозаписот е во режија на Сара Јазаџиска Бибовска, а директор на
фотографија е Борис Ралев.
„I Wanted More“ е веќе достапна за преслушување и купување на сите светски
дигитални платформи и музички продавници.
Brass Brothers е македонски музички бенд формиран пред 11 години, составен од
професионални и талентирани музичари: Горан Мицевски Кус (тромбон),
Костадин Бетов (алт саксофон), Пере Мелов (труба), Илија Мицев (труба),
Јован Мартиновски (Dj support) и Никола Митрев (труба). Оваа група е
препознатлива по своите експлозивни и динамични живи настапи, кои ја
освојуваат публиката и ја прават незаменлив дел од перформансот. Brass
Brothers донесе уникатна автентична енергија на македонската музичка сцена,
пред сè поради специфичната комбинација од брасс секција и динамичен звук.

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ