сабота, јули 27, 2024
домаНасловнаЧетиригодишно дете шеста жртва од мали сипаници во Србија

Четиригодишно дете шеста жртва од мали сипаници во Србија

Четиригодишно дете од Врањска Бања е шеста  жртва од мали сипаници во Србија, соопшти Институтот за јавно здравје „Милан Јовановиќ Батут“. Клинички центар Ниш извести вчера дека едно дете кое не било вакцинирано, починало. Болеста е лабораториски потврдена, а во клиничкиот тек дошло до развој на воспаление на белите дробови, објавено е денес на сајтот на Институтот.

Од почетокот на октомври 2017 година во Србија, вклучувајќи ја и територијата под надлежност на Институтот за јавно здравје во Косовска Митровица, регистрирани се вкупно 2.896 случаи на сипаници. Најмладиот заболен има 15 дена, а најстариот има 65 години. Поголемиот дел од пациентите се во возрасни групи под пет години и над 30 години.

Поголемиот дел од пациентите (94 проценти) биле невакцинирани, нецелосни вакцинирани или непознати статус на вакцина. Од вкупниот број на пациенти, 35 отсто биле хоспитализирани или хоспитализацијата е во тек. Од потешки компликации кај мали сипаници, регистрирано е воспаление на мозокот кај еден и белодробно воспаление кај 329 пациенти.

Епидемија на мали сипаници во Косово беше пријавена на 23 октомври 2017 година, а до вчера се регистрирани 329 пациенти.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ