сабота, јули 27, 2024
домаНасловнаЧетворица мртви при уривање на мост на Флорида

Четворица мртви при уривање на мост на Флорида

Четири лица загинаа при уривање на 950 тони тежок пешачки мост во Мајами кој се урна на една од најпрометните сообраќајници во таа држава во јужниот дел на САД. Властите на Флорида соопштија дека работат на идентификација на жртвите.

Ројтерс пренесува дека кучиња трагачи се испратени во урнатините на мостот, меѓу огромните бетонски парчиња и испреплетен метал, да бараат знаци на живот ако ги има. Наведено е дека најмалку осум возила останале под рушевините и најмалку 10 лица се префрлени во болница. Според зборовите на очевидци, возилата застанале пред семафорот вчера во раните попладневни часови, кога мостот над нив почна да се урива.

„Се пробивавме низ купишта шут, обидувајќи се да бушиме дупки за да можеме да видиме нешто“, изјави за новинарите шефот на противпошжарната служба на округот Мајами, Дејд Пол Истопијан.

АП пренесува дека локалните и федералните власти започнале истрага поради што попуштила конструкцијата на мостот поставена пред пет дена. Вредноста на мостот, кој ја поврзува населбата Свитвотер со кампусот на Меѓународниот универзитет во Мајами и требаше официјално да биде отворен во 2019 година, изнесуваше 14,2 милиони долари.

Инаку, мостот е дизајниран да издржи ураган од петтата категорија и да трае 100 години. „Си-би-ес“ пренесува дека две фирми задолжени за изградба на мостот во минатото биле критикувани поради небезбедни изведувачки практики.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ