сабота, јули 27, 2024
домаДоналд Трамп побара укинување на Зелената карта

Доналд Трамп побара укинување на Зелената карта

Преку оваа програма во САД пристигнал Саифуло Саипов од Узбекистан, кој прегази 8 лица и рани уште 12 на велосипедска патека во Менхетен

Поради крвавиот напад во Њујорк Доналд Трамп побара итно запирање на лотаријата за зелена карта. Според информациите што ги пренесоа американските медиуми, преку оваа лотарија во 2000-та година во САД пристигнал узбекистански имигрант Саифуло Саипов. Тој вчера прегази 8 лица и рани уште 12 на велосипедската патека во Менхетен, а ова е најлош напад во градот од 11 септември 2001 година.
Претседателот Трамп побара од конгресот веднаш да ја запре програмата за имиграциска виза на основа на лотарија и на тој начин да спречи во земјата да влегуваат сите кои ќе бидат извлечени без притоа да се има информации за нивното минато.

“Лотарија – звучи добро, но не е добро. Сакам веднаш да почнеме да работиме со конгресот на нејзино укинување. Сакаме програма по која луѓето да доаѓаат заради нивните способности, а не по случаен избор”, објави американскиот претседател.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ