Еднаш дневно : Cancelled

0
110

По втор пат ми стигна мejл на чиј испраќач многу се радувам, ама еве, овој пат со потврдување дека е затворен најголемиот мизички настан во Европа за оваа година, нешто што на почетокот на 2021 некако и се надевав дека ќе се одржи по строго пропишани протоколи, а јас ќе бидам таму со својата улога и радост. Особено што европските земји многу внимаваат на ред и спроведување на истиот, сметав дека ќе го биде. Откажан е, и условно поместен за догодина, за оваа првенствено да го сочуваме нашето здравје и живот.

Си мислам, некои земји навистина се грижат за своите граѓани на сите можни начини. Профитот не им е основната движечка сила. И мерките не ги донесуваат лаици туку професионалци. За нив одлучуваат тие кои тоа најдобро го знаат, не како кај нас како што некои се обидуваат да ги донесат како група “по консултација во кафани на маса”.

Јас останав подзината кога на јутјуб слушнав од еден лик што е вклучен во организирање на настани дека протоколите ги донеле тој и министерот за здравство. Сам така кажа. А штом министерот не го демантираше, значи е вистина.

Ако е така, кој му дозволил нему да одлучува за законите и превентивните мерки  во оваа земја? Со сета своја нестручност, некомпетентност и медицинска необразованост. Да го пика носот каде што не му е место. Тоа е таква импровизација на ниво на игра во детска градинка. Виновникот е оној кој го дозволил тоа, во случајот јас го посочувам министерот.

Стручни мерки може да донесе само стручно лице, а бидејќи станува збор за здравствено безбедносни мерки нив треба да го донесува исклучиво медицински лица. Исклучиво.

Знаеме дека е време на голема финансиска криза, во сценските уметности најголема можеби, затоа што  заработката е директно на терен, а во случајов е оневозможена. Но, за неа не смее лаици “ни глас” да пуштат. Станува збор за човечки животи. И нема играње ни импровизација.

Се знае кој до која граница лаик може да оди со своето партиципирање во одредена стручна одлука. До никоја.

Министерот за здравство е одговорен и должен за секој живот и за се треба да ја консултира својата фела, докторите, медицинските лица. Се преку тоа е намерно ставање во ризик здравјето на луѓето и тенденциозно негрижа за нивниот живот.

Се додека не се вакницираме сите мора да бидеме внимателни, не само за себе, и семејството, за секој околу нас. Така на лаиците да им се каже да се потивки односно безгласни барем додека се спасиме. Сега за нив “пссст” а потоа нека си коментираат, ако нешто сакаат да си кажат, како муабет и свој предлог, но кога тоа нема да биде опасно по (нечиј) живот.

ПАРГО

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на TEXT.MK. Редакцијата на TEXT.MK се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.