домаЖивотЗдравјеПредупредување: Во Босна и Херцеговина запрени 7.200 небезбедни детски играчки – дали...

Предупредување: Во Босна и Херцеговина запрени 7.200 небезбедни детски играчки – дали ги има и во Македонија?

 

Федералната санитарна инспекција на Босна и Херцеговина забрани увоз на пратка од 7.200 детски играчки „Dumpling Squishy“, кои пристигнале преку граничниот премин на Аеродромот во Сараево.

Играчките, произведени во Кина, не ги исполнувале законските услови за безбедност и здравствена исправност, бидејќи на нив недостасувале клучни информации за производителот и увозникот. Поради тоа, инспекцијата не дозволила тие да бидат пуштени во промет.

Надлежните институции испратиле предупредување до сите гранични премини во земјата со цел да се спречи увозот и на други слични небезбедни производи.

Иако засега нема информации дека овие играчки се повлечени од македонскиот пазар, вакви или слични производи лесно можат да се најдат и кај нас – во продавници, на пазари, па дури и преку онлајн продажба.

Од Новинари за човекови права апелираат родителите внимателно да проверуваат дали играчките што ги купуваат имаат:

  • јасно означен производител и увозник,
  • ознаки за усогласеност со безбедносните стандарди,
  • упатства и предупредувања на разбирлив јазик.

Безбедноста на децата започнува со внимателен избор на производите со кои тие секојдневно си играат. Пред купување, особено на евтини или непознати брендови, проверете дали производот ги исполнува сите законски барања за безбедност.

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ