вторник, јуни 18, 2024
домаЕксплозија во центарот на Милано, запалени неколку возила, евакуирано училиште

Експлозија во центарот на Милано, запалени неколку возила, евакуирано училиште

Неколку возила се запалија во центарот на Милано, Италија, по експлозија, објави во четвртокот информативниот канал „СкајТГ24“.

Локалната полиција соопшти дека се запалило комбе. Во моментов нема достапни детали, пренесува Ројтерс.

„СкајТГ24“ емитуваше снимка од миланската област Порта Романа, на која се гледаат високи облаци од црн чад и пожарникари на местото на настанот.

Италијанскиот весник „Ла Република“ објави дека возилото превезувало плински боци кога експлодирало, предизвикувајќи домино ефект.

Најмалку пет автомобили и четири мопеди се во пламен, пренесува „Скај њуз“. Пожарникарите се на терен, а полицијата ја опколи областа. Евакуирани се блиското училиште и домот за стари лица.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ