Едукативниот Центар ЕУРОКИДС место каде веќе две децении изучувањето на странски јазици  се врши на спонтан и природен  начин преку висококвалитетни јазични курсеви, најсовремени наставни методи, техничка опременост, литература од реномирани издавачи со константна интеракција и комуникација на целниот  јазик.  Oбразовната програма е адаптирана за сите возрасти –  од најмлади со само 3 години до оние од трето доба.

Начинот на изучување на англиски и германски јазик е интерактивен – во школска клупа со прожектори, смарт табла и е-pen (еклектронско пенкало со кое пишува на смарт табла),  наставни часови поминати на отворено (на тревник) со табла и креда и неколку часа во кујна каде се готви, се зборува на целниот јазик и потоа следува дегустација  и уживанција – ммммммм.

Јазиците кои се застапени помалку, како на пример грчкиот јазик, ги разубавивме и ги направивме атрактивни за помладите кандидати со тоа што се одржуваат исклучиво во саботите од 10 до12 часот – време кога родителите можат да ги завршат обврските кои ги имаат, а децата да уживаат во совладување на нов јазик, запознавање на други традиции, ора, музика и се разбира нова кујна каде се дегустираат нови вкусови. Па така добивме среќни деца кои ги уживаат саботните утра и на лесен начин го впиваат новиот јазик, го учат нивниот фолклор и ја готват и јадат храната приготвена на сосема поинаков начин.

Португалскиот и шпанскиот јазик се предавани од професори со изворно потекло, а исто така во образовниот систем застапени се и италијанскиот, францускиот, албанскиот и македонскиот за странци.

КРЕАТИВНИТЕ работилници се дел од нашата образовна програма каде децата имаат можност да ја спознаат уметноста- декупаж, квилинг, сув пастел, работа со волница, шиење, правење колачи, чоколада, лижавчиња…..детство за паметење!

А, за да им олесниме на родителите кои ги носат своите деца во нашиот центар отворивме и смути бар – место каде можат да уживаат во пријатна атмосфера во добро друштво или добра книга додека ги чекаат своите најмили.

Но, имајќи ја предвид сегашнава ситуација со пандемијата, нашите едукативни центри кои се наоѓаат во Центар (спроти Матица) и Капиштец (кај КТК) ќе работат според одлуките  на надлежните органи со сите здравствени протоколи и мерки.