вторник, јуни 18, 2024
домаЖивотЗдравјеФилипче: Ја израмнивме кривата, но рано е за укинување на мерките

Филипче: Ја израмнивме кривата, но рано е за укинување на мерките

Моменталн во земјава вкупниот број на дијагностицирани со КОВИД-19 се искачи на 1421, бројката на оздравени пациенти е 589, на починати е 71, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 761, соопшти денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Како што рече, денеска се регистрирани 36 оздравени пациенти од КОВИД-19, во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје – 11, Куманово – 2, Струга – 1, Велес – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 2, Неготино – 1.
Досега во земјата се направени вкупно 15.771 тестирања на КОВИД-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациент на 58 години, хоспитализиран на клиниката од 19 април и 63-годишен пациент на болничко лекување од 9 април, и двајцата приклучени на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ починаа три лица, двајца пациенти од Скопје на 75 и 58-годишна возраст, и двајцата хоспитализирани на 26 април, и пациентка од Тетово на 51 година, хоспитализирана од 12 април. Пред два дена почина и пациентка од Скопје на Клиниката за онкологија на 71 година. Нејзиниот позитивен резултат на КОВИД-19 е стигнат во текот на вчерашниот ден.

Министерот Филипче посочи дека факторот на трансмисија генерално во целата земја е под 1 и дека со сите мерки е израмнета кривата на епидемијата и имаме линеарно ниво, но само ако ги почитуваме мерките постепено ќе го вратиме животот во нормала.

– Сите имаме подеднаква одговорност, секој кон себе но и кон останатите. Не смееме да дозволиме сега да го доведеме во прашање тоа што сите заедно го издражавме и го надминавме, можеби најтешкиот период. Нашите анализи укажуваат дека факторот на трансмисија генерално во целата земја е под 1, но правиме детални анализи за одредени региони и чекаме уште неколку денови да видиме каков ќе биде трендот на новозаразени. Со сите тие мерки ја израмнивме кривата на епидемијата, не го оптеретивме здравствениот систем – рече Филипче.

Соопштувајќи ја мерката на владата за првомајскиот викенд да има дозволено движење од 05 до 14 часот, тој порача дека од интерес на сите е да се почитуваат мерките за заштита со цел животот поскоро да се врати во нормала.

-Двете возрасни групи се одделени. За лицата над 67 години е дозволено движење од 5 наутро до 11, а на лицата до 18 години од 12 до 14 часот. Со ова граѓаните имаат доволно време и да прошетаат и да ги набават потребните намирници и да нема гужви во пазарите и маркетите, но сепак мора да се носи заштитната опрема и да се држи дистанца. Сите имаме подеднаква одговорност и не смее да дозволиме да ни се уништи се она што до сега го направиме заедно – вели Филипче.

Оваа и следната недела ќе биде многу битна за тоа какви ќе бидат мерките понатаму, но полицискиот час ќе остане во сила и во деновите по Првомајските празници, рече Филипче. За да се укинат мерките, како што рече, треба да се направат дополнителни следења на епидемиолошката слика и бројот на новозаболени лица во сите делови од државата.

Наесен како што рече, се очекува повторен бран на заболени од коронавирусот кој би можело да биде покомплексен од сегашниот бидејќи тој период се предвидува и почеток на сезонските грипови. Сепак, додава Филипче, веќе системот е добро поставен и ќе може ефикасно да изреагира. И да се нормализира ситуацијата кај нас, вкупната состојба со епидемијата ќе зависи и од случувањата околу нас, па и во Африка каде што се очекува следниов период да се шири заразата, смета Филипче. А.Р.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ