сабота, јули 27, 2024
домаНасловнаИталијанците со стимулирање на странските туристи до оживување на летната сезона

Италијанците со стимулирање на странските туристи до оживување на летната сезона

Италијанците прават се само да ја оживеат туристичката сезона, па на нивните идеи им нема крај. Последниот предлог до туристите доаѓа од Сицилија. Имено, туристичкиот сојуз на Сицилија одлучил да ги рембурсира храбрите туристи кои сепак ќе се одлучат ова лето да поминат во убавата Сицилија,.

Регионалната влада е толку очајна што за да ја оживее својата опустошена туристичка индустрија, планираат откако ќе се укине блокадата на коронавирусот, да понудат стимулации за храбрите туристи.

Нивниот предлог е секој турист да добие назад половина од авионскиот билет, и секоја трета ноќ во хотел е гратис. Истовремено, нема да се плаќаат влезници за музеите и историските места, пренесуваат италијанските медиуми.

На туристичката индустрија на Италија сигурно и е потребна сета помош што може да ја добие – туризмот е 13 проценти од БДП на земјата, а таа веќе загуби 1,2 милијарди американски долари меѓу март и април, откако земјата беше тешко погодена од глобалната пандемија COVID-19.

Земјата сега привремено го планира повторното отворање, со карантински мерки што треба да започнат со укинување на 4 мај, објави во вторникот премиерот Џузепе Конте, но не и старт на туристичката сезона.

„Би сакал да кажам: да отвориме сè. Веднаш. Започнуваме утре наутро. . . Но, таквата одлука би била неодговорна. Тоа ќе направи кривата на зараза да се искачи на неконтролиран начин и да ги поништи сите напори што досега ги направивме “, напиша Конте во објавата на Фејсбук. „Ние мора да дејствуваме врз основа на национален план (повторно отворање), кој сепак ќе ги земе предвид територијалните особености“.

Бројот на почина во Италија во моментот е на второ место на глобално ниво, веднаш  по САД. Во рамки на Италија, регионот Ломбардија стана епицентарот на епидемијата во Европа.

Н.С.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ