среда, мај 22, 2024
домаНасловнаЈункер: На ниту еднa земја кандидат не и ветив датум за приклучување

Јункер: На ниту еднa земја кандидат не и ветив датум за приклучување

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, по посетата на шесте земји од Западен Балкан кои имаат можност да се приклучат кон Европската унија, истакна дека му е важна суштината, а не одредувањето датуми.

Ме интересираат термини, но не така што ќе ја заборавам суштината на преговорите, рече Јункер во интервју за „Дојче веле“ во однос на големите надежи во земјите од Западен Балкан – Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, за пристапување кон Европската унија во догледно време.

Пораката на Јункер за „квалитет пред брзина“ не наиде секаде на одушевување.

-На пример, во Македонија – ПЈРМ (Поранешна Југословенска Република Македонија), како што се нарекува со бирократски жаргон – забележав дека Македонците постигне значителен напредок во правец на Европа. Но, јас никому не ветив датум за приклучување, па така ниту на оние кои уште не ги почнаа преговорите не им спомнав ниту еден датум за почеток на.  Мене ми е важна суштината, а не одредувањето датуми. Ме интересираат термини, но не така што ќе ја заборавам суштината на преговорите. Ова во Македонија го сфатија, малку помалку во Албанија, но Албанија не ни започна преговори. Во април ќе ги изнесеме нашите препораки, но како ќе изгледаат, во моментов не можам да го предвидам тоа, бидејќи допрва треба да се направи значителен напредок. Ќе треба да го испитаме ова до април рече Јункер за „Дојче веле“.

Тој истака дека нема потреба од убедување на Албанците дека треба да се приклучат на ЕУ, но во Албанија, како и насекаде, треба да се обрне внимание на фактот дека условите за приклучување мора да се исполнат.

-Овие услови го вклучуваат фактот дека сите земји од Западен Балкан мора да ги решат граничните спорови. Не можеме да увезуваме гранични спорови во ЕУ. Мора да донесеме стабилност во регионот, но не сакаме за возврат да добиеме нестабилност – посочи Јункер.

Како што истакна претседателот на Европската комисија, едно е многу важно – дека Европската унија не е клуб на економски сили кои сакаат да се збогатат. „Се разбира, целта е сите да имаат просперитет, но мене ми е важно во тој драматично тежок европски регион јасно да нагласам дека ЕУ е и заедница на вредности. Владеењето на правото, човековите права, слободата на медиумите – ова се теми што понекогаш морам да ги објаснам малку подобро“, истакна Јункер.

Иако е очигледно дека постои замор од проширувањето во ЕУ, според Јункер, неопходно е да се објасни дека Западниот Балкан е пред вратата, патиштата се кратки, но тоа е долг историски пат кој треба да се пројде.

-Не толку одамна во Западен Балкан се водеше жестока војна, и ако сега му ја негираме на регионот перспективата за приклучување, тогаш тоа може многу брзо да се повтори. Малкумина се сеќаваат на тоа, но тоа беше неодамна: долги колонии бегалци, насилство, убиство, страдање на деца, уништување. Тоа беше војна среде Европа. Не би сакал тоа да се случи повторно. Ние „старите Европејци“ треба да знаеме дека од тука може да се испрати порака за мир, придонес кон европско помирување. Но, ако ние не сме подготвени на нашите балкански партнери да им обезбедиме пристап, сè може повторно да се влоши – истакна Јункер.

На кандидатите а членство не им останува ништо друго совен да слушаат што вели Комисијата, пораката да биде примена и прифатена како мерило, посочи тој.

-Но, не сакам да создадам впечаток дека делиме лекциите овде. Тоа се држави и нации кои настанаа од тешката историја на деведесеттите години, и ова мора да се земе предвид. Во исто време, треба да биде јасно дека ЕУ е заедница базирана на вредности. Затоа не може да се дојде тука со бакнежи и бонбони – смета Јункер.

Комисијата и земјите-членки ги оценуваат кандидатите врз основа на сопствените заслуги, а според него, личната иницијатива е многу важна. „Не можеме да наметнуваме проширување, не присилуваме никого да влезе во ЕУ. Оној кој не покажува лична иницијатива, има мали шанси да стане член на Европската унија. Секој мора сам да се потруди. ЕУ не може да го носи товарот на земјите кандидати. Не, тие самите треба да ги решат работите“, вели Јункер за „Дојче веле“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ