четврток, април 25, 2024
домаНасловнаЈункер: Не рековме дека Србија и Црна Гора ќе влезат во ЕУ...

Јункер: Не рековме дека Србија и Црна Гора ќе влезат во ЕУ до 2025

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во Тирана изјави дека земјите од Западен Балкан треба да гледаат на 2025 година како на датум кога една од нив може да се приклучи на ЕУ, под услов да ги исполни критериумите за членство.

Јункер, кој престојува во Албанија е во рамки на официјалната посета на Западен Балкан, рече дека 2025 година е „можен датум за влез“ во ЕУ за сите земји од Западен Балкан, а не само на фаворитите, пренесува Ројтерс.

„Спротивно на она што го читаме насекаде, Комисијата и јас не рековме дека Србија и Црна Гора нужно ќе станат членки на ЕУ во 2025 година“, рече Јункер за новинарите во Тирана.

Како што додаде, 2025 година како датум за пристапување во ЕУ е „отворена за сите земји-кандидатки“, рече Ројтерс.

„И до степен до кој земјата кандидат до тогаш или подоцна или порано, ги исполни сите критериуми за членство, ние ќе се однесуваме на таков начин на кој ЕУ ги признава напорите“, рече Јункер на прес-конференција.

Ројтерс потсетува дека Србија и Црна Гора се сметаат за главни фаворити за влез во ЕУ, како и дека Албанија и Македонија се очекува да добијат „зелено светло“ за да започнат преговори за влез во Унијата во јуни.

Јункер пред Албанија вчера ја посети Македонија од каде што ја започна турнејата низ Западен Балкан. Претседателот на Европската комисија, заедно со еврокомесарот Јоханес Хан, денеска пристига во Белград на разговори со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ