домаЖивотЖивотна срединаКраков користи кафе наместо сол за замрзнатите улици

Краков користи кафе наместо сол за замрзнатите улици

Жителите на Краков се разбудиле со мирисот на кафе од улиците затоа што градската служба се сетила со кафе да ги попрска снежните и заледени површини. Се огласило и градско зеленило со објаснување дека кафето е добро за животната средина и неговите остатоци се поевтини од солта.

Оваа одлука ги развеселила жителите и сопствениците на кафулиња, кои сега не мора да ги фрлаат остатоците од кафето во ѓубре, пренесува „Франс прес“.

Уште една добра причина за истурањето остатоци од кафе е дека кафето, за разлика од солта, не е штетно за кучињата.

Повеќе од 50 кафулиња одговориле на повикот и ги доставиле собраните остатоци од кафе до градското зеленило во Краков. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ