Лиза Баута Шаќири побара од Груби и Касами да не ги потценуваат Албанците

0
430
Неискординираните изјави во Владата околу (не)ветените субвенции за приватни компании кои ќе вработуваат припадници на малцинствата, како и барањето на Билал Касами кој побара двојазичност во приватните компании затоа што дел од Албанците не знаеле македонски испровоцира дел од албанските интелектуалци!
Сопругата на Бени Шаќири, Лиса Баута Шаќири, преку нејзиниот статус, таа директно им се обрати на Артан Груби и Билал Касами, барајќи  од нив да не ги потценуваат Албанците.
Не ѕидот од нејзиниот профил таа напиша:
„Артан Груби вети субвенции за приватни компании кои ќе вработуваат Албанци (читај и други малцинства), додека Билал Касами побара двојазичност во приватните компании затоа што дел од Албанците не знаеле македонски!Значи дечки, да се разбереме!

Прво ние не сме ни глупи, ни необразовани, ни прости, а фала богу, здрави и прави, и конкурираме на трудовиот пазар еднакви и со Македонци и со Германци и други, и тука и во странство!

Не не сме ништо помалку стручни од ниедни други, а стручната спремност е индивидуална и секој според заслугите во приватни фирми.

Второ, ретко кој дипломиран Албанец да не знае македонски. Тие што студирале надвор од државата може да не знаат, ама тие не ви се враќаат тука да ве молат, се вработуваат во ТОП фирми низ Европа и Америка.

Двојазичност не може да наметнете кај приватни сопственици, па ни македонски јазик не можете да го наметнете кај албански или странски приватни фирми што работат тука.

Во приватниот сектор веќе постои двојазичност секаде каде тоа носи екстра профит. Почнувам со берберот што ми е комшија и зборува освен својот македонски јазик и албански, па се до поголеми фирми.

Конечно, престанете да не омаловажувате и да не прикажувате како помалку квалитетен кадар од другите! Оваа ваша евтина популистичка и ко бајаги патриотска игра придонесува да уште по инфериорни изгледаме од тоа што им се причинуваме на Македонците.“

А.Н.