домаЖивотАлександар и Дац: За еден бод не добија награда на "Макфест", но...

Александар и Дац: За еден бод не добија награда на “Макфест”, но повторно со песна што ќе се пее 

Песна во нивниот новокомпониран личен забавно-боемски жанр, а спот во арт манир. Со ваква комбинација популарниот двоец Александар и Дац деновиве се претставија пред својата (макфестовска) публика. 
Песната испеана во саботата во Штип, спотот два дена потоа во Скопје . И, за еден бод не добиле трета награда, факт кој секако нема предност во однос на награда што за една песна следува постфестум, а тоа е: слушаност!
Обврската за продолжување на животот на новата тема “Ѓавол да те земе”, ја исполнија со видео запис.
Во присуство на голем број фанови и обожаватели, синоќа, во “Трибека Ботаник Гарден и Кафе” , ова популарно дуо го промовираше видео спотот за баладата “Ѓавол да те земе”, интерпретирана заедно со дувачкиот состав “Brasstet Skopje“.
Тие осмислија нестандардна промоција помешана со евергрин забава за присутните фанови кои ги очекуваа по враќањето од “Макфест” .
“Со креирање на видео спот за нашата овогодинешна песна за Макфест 2020, имавме идеа да допринесеме за одржување и поддршка на културата во нашата земја. Користејќи заштитни маски во спотот во дел од кадрите, преку метафора, сакаме да испратиме порака кон сите културни работници кои во одреден период стагнираа и беа во неможност да работат дека редно време е да ги замениме “маските“ кои ги носиме, но не оние заштитните, со НАСМЕВКА! Време е со позитивен став да зачекориме кон подобрување на културата и сцената во нашата земја.“ – изјави Драган Спасов – Дац по прикажувањето на спотот.
Снимањето се реализираше во просториите на Македонската Опера и Балет, а во негова реализација беа вклучени 20 лица. Нумерата е снимена комплетно во живо, со учество на 10 музичари, во продукција на Иле Спасев. Во фокус на спотот, покрај Александар Митевски и Драган Спасов – Дац, се појавува и убавата Илона Вуковска.
Видео спотот за оваа музичка нумера е продуциран од “Пикадо Продукција“, а неговата реализација беше поддржана од “Витаминка“ А.Д. Прилеп.
Инаку, да потсетиме, Драган Спасов Дац (1963) е македонски актер, првенец во Драмскиот театар, Скопје. Во својот богат театарски живот има остварено многу значајни улоги и признанија. Покрај актерството, тој е и поет и интерпретатор на забавна музика.
Александар Митевски (1978) е водечки кантавтор, со 25 години активна кариера како композитор, текстописец, продуцент и пејач. Има напишано преку 200 авторски композиции и има соработувано со повеќе водечки пејачи во земјата и регионот. В.Ѓ.
 
Спотот може да се погледне на следниот линк: 
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ