понеделник, јуни 17, 2024
домаЖивотМајките на продолжено породилно му пишаа писмо на Филипче, бараат разумна одлука

Мајките на продолжено породилно му пишаа писмо на Филипче, бараат разумна одлука

По Одлуката дека градинките се отвораат на 9ти септември, родителите со мали деца кои не успеаа да ги запишат во градинка поради намалениот капацитет на истите, како и оние кои во периодот пред појавата на пандемијаат имаа побарано да ги запишат децата, но поради немање место чекаа да се ослободи и се уште немаат добиена информација дека децата им се запишани во градинка, а по најавите дека сите ќе треба да се вратат на работа, односно нема продолжување на породилното отустсво, со писмо се обратија грапа на мајки на породилно и продолжено отсуство. Од причина што министрите во последен период не ги добиваат писмата и прашањата што им се упатуваат директно на нивна адреса, ние го објавуваме писмото тука и се надеваме дека министерот Филипче ќе го прочита и ќе им одговори.

Го пренесуваме писмото во целост…

„Во име на мајките на породилно и продолжено породилно отсуство, Ви благодариме за вашето залагање за нас во изминатиот период.Но, непријатно сме изненадени и затечени од изјавата на министерот Филипче со која најави дека со отварањето на градинките и мајките на кои им е продолжено породилното отсуство ќе треба да се вратат на работните места.
Дали со отварањето на градинките, завршуваат времените мерки? Во претходните изјави министерот Филипче рече дека во Септември очекува влошување на ситуацијата, па како тоа решивте да си играте со најмалите?

Сметаме дека одлуката е избрзана и без никакви конкретни подготовки потребни за нашите деца да бидат згрижени во градинките.
Во периодот кој што измина ретко која градинка запишуваше нови деца, туку само вршеше анкети со кои од родителите на веќе запишани деца, бараше информации за тоа дали е неопходно нивните деца да одат во градинка. Во таква една состојба мајките кои се на породилно отсуство не успеаа да го запишат своето дете во градинка.
Ова уште повеќе и поради фактот што од родителите на децата кои се веќе запишани се бараа потврди од работодавците дека не може да работат од дома, па поради тоа е неопходно децата да одат во градинка. Мајките кои се на продолжено породилно не можат такви потврди да обезбедат од причина што периодов не одат на работа.

Имено, знаете ли колку мајки што беа на породилно отсуство, периодов останаа работа и ниеден закон не успеа да ги заштити?
Знаете ли дека ако не оставите на милост на работодавците таа бројка ќе се зголеми неколкукратно?
Дали знаете дека не можеме да ја користиме мерката: Родител на дете до 10 години, бидејќи немаме потврди дека децата посетуваат градинка.

Тоа значи дека ние веднаш треба да почнеме со работа, а бебињата ќе останат не згрижени (освен ако не си дадеме отказ од работа), а деца кои можат сами да јадат, да се облекуваат, не носат пелени, и можат да се заиграат ќе имаат можност да бидат под надзор на родител.
Бидејќи знаевте дека постои пропуст во оваа мерка, овозможивте продолжено породилно отсуство, мерка која сега ни ја укинувате. Дали е ова во ред?

Затоа ние мајките кои сме на породилно и продолжено породилно отсуство бараме да ни го продолжите породилното отсуство за да ни се овозможи дополнителен рок во кој ќе може нашите деца РЕАЛНО да ги ЗАПИШЕМЕ во градинките (во кои групите во најголем дел се пополнети од децата кои веќе одеа во градинка пред нивното затворање).

Периодот од десетина дена од кога се најави отварање на градинките или од само неколку дена од вашата изјава до отварањето, е премногу краток и е невозможно да се завршат сите административни процедури.
Со почит,
ГРУПА НА МАЈКИ НА ПОРОДИЛНО И ПРОДОЛЖЕНО ПОРОДИЛНО ОТСУСТВО.“

Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ