четврток, април 25, 2024
домаМакедонците меѓу најсиромашните во Европа

Македонците меѓу најсиромашните во Европа

Евростат излезе со последни податоци  за куповната моќ на граѓаните. Македонија, како по некое непишано правило постојано е на дното на листата, односното куповната моќ на македонските граѓани е речиси 41 отсто од европскиот просек. Зд нас единствено е Албанија, со 37.

Она што е ново за последните резултати од истражувањето е дека Хрватска падна на претпоследното место според потрошувачката по жител, која сега изнесува 59 проценти од просекот на ЕУ. Според тоа, единствено Бугарија е послаба од Хрватска. Хрватска за прв пат ја претекна Романија во која потрошувачката изнесува 61 процент од европскиот просек.

Куповната моќ на граѓаните на Турција е во постојан пораст, па тие се пред четири членки на ЕУ и пред речиси сите земји од Југоисточна Европа. Просечниот граѓанин на Турција, според Евростат, со 64 насто од просекот на Унијата и има поголема потрошувачка моќ од граѓаните на Унгарија, Романија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Србија, Македонија, БиХ и Албанија.

Евростат податоците ги базира на потрошувачката кошница со иста стока во различни земји.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ